Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заменик министерот за финансии ги повика пратениците побрзо да ги донесат предлог-законите за ДДВ и за акцизи

0
By Biljana on March 11, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 92 гласа „за“, ниту еден „воздржан“, ниту „против“, Собранието го усвои дневниот ред од 67-та седница, на којшто се ставени две точки и тоа предлог-измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност и Законот за акцизи и двата по скратена постапка.

Заменик-министерот за финансии Филип Николоски, образложувајќи ја потребата од носење на измените и дополнувањата на овие два закони по скратена постапка, рече дека тие треба да се донесат поради брзиот скок на цените, со цел граѓаните и бизнис заедницата да се приспособат на новонастанатите услови.

– Се предлага Собранието да расправа и да го усвои Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка, од причина што тој има една и единствена цел, а таа е ублажување на последиците од енормниот раст на цените на енергенсите и на основите прехранбени производи на светските берзи, што се прелева и кај нас. Со тоа ќе го заштитиме животниот стандард на граѓаните, особено оние од ранливите категории, кај кои учеството на основните прехранбени производи е доминантно во потрошувачката кошница, рече Николоски.

Тој информира дека изминатите 10 дена биле направени анализи во рамки на експертскиот тим на Владата, заедно со стопанските комори, бизнис заедницата, со цел да се дојде до најдобри решенија.

Николоски апелираше што побрзо да се донесат предлог-законите за ДДВ и за акцизи.

Во процедурална забелешка, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека нивната пратеничка група поднела предлози за измени и дополнувања на истите закони на 28 февруари, но, за разлика од предлозите на Владата, тие не биле веднаш ставени на дневен ред.

– Доколку навистина Владата сакаше да се ублажи ценовниот шок, владејачкото мнозинство ќе ги прифатеше нашите предлози, да не ги губевме овие 12 дена, туку амандмански ќе реагираше на постоечкото законско решение. На тој начин, ќе ги решевте турканиците пред бензиските пумпи, паниката меѓу луѓето, несигурноста кај граѓаните, неизвесноста на граѓаните. Сега тоа оди на ваше конто, рече Мицевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека, согласно процедурата, предлозите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се ставени на дневен ред на првата наредна седница, а таа е закажана за 15 март.

– Во меѓувреме, како причина на состојбите, движењата и последиците, Владата се јави со предлог-закони, кои се итни и се решив да имаме седница денеска во 15 часот. Во меѓувреме, состојбите добија на интензитет и на интервентност и Владата, како овластен предлагач, реши ургентно да интервенира, објасни Џафери.

Координаторот на СДСМ Јован Митрески рече дека е премногу сериозна ситуацијата за да се фаќаат политички поени.

– Во ваква сериозна состојба во светот и кај нас, наметната од тоа што се случува во Украина и претходно со енергетската криза, сите заедно треба да размислуваме кои се последиците од одлуките коишто ние ги носиме заедно, истакна од собраниската говорница пратеникот на СДСМ Јован Митрески.

Тој рече дека денес на дневен ред се две точки, измени во законот за ДДВ и во законот за акцизи, кои се дел од пакетот од 26 мерки коишто Владата ги донесе заедно со коморите, заедно со синдикатите и потрошувачите, заедно бидејќи сите ги чувствуваат последиците од оваа наметната, европска, економска криза и повика собранието да влезе во процедура на носење на овие закони и да продолжат сите други мерки.

По усвојувањето на дневниот ред, претседателот на Собранието го задолжи пратеникот Бојан Стојановски да претседава со Комисијата за финансирање и буџет, која, како матично тело, во моментов одржува седница по двата предлози. На пратениците им е даден рок до 17:30 да реагираат амандмански на предлог-законите.

По завршувањето на Комисијата за финансирање и буџет и законодавно правната комисија, Собранието ќе продолжи со работа.

Акцизи ДДВ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.