Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бучковски: Ако го прифатиме предлогот на Бугарија за работните групи, ќе покажеме дека сериозно сме подготвени

0
By Sashko on December 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 14, 2021 20:45

Убеден сум дека на средби на работните групи меѓу Северна Македонија и Бугарија, на кои теми би биле инфраструктурата, економијата, културата, образованието, итн., ќе може да покажеме дека ние и во изминатиот период имаме направено сериозни подготовки, оцени специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски во однос на предлогот на новиот бугарски премиер Кирил Петков за забрзување на билатералната комуникација и соработката низ повеќе работни групи.

Во инфраструктура имаме направено многу повеќе од Бугарија. Факт е дека нашиот директор на Македонски железници, Хари Локвенец имаше неколку средби со нивниот директор Папуџиски, каде што дефинира динамика во која конечно ќе се гради пругата меѓу Бугарија и Македонија. Тоа ќе биде еден од најголемите инфраструктурни проекти што ќе чини 650 милиони евра и кој треба да заврши во наредните шест години. Од друга страна, факт е дека ние го правиме експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Факт е дека подолго време, веќе две децении ги чекаме да ги изградат фамозните 12-15 километри и да го отвориме фамозниот граничен премин „Клепало“, кој што би ги поврзал Берово и Струмјани. За културата имаме многу што да збориме. Во делот на економијата треба да се види зошто не се реализирани проекциите, рече Бучковски во гостување во Дневникот на Сител.

Според него, сега се соочуваме со нов предизвик, односно дека мора да се води битка за час поскоро да ги финализираме преговорите.

Заев најавува дека 15 јануари е периодот до кога тој би бил премиер. Ние очекувавме во тој период да го направиме максималниот исчекор. Тргнувајќи од тоа што го гледав во измината година, знаејќи се што во изминатите четири години правеше Заев, сметав и сè уште сметам дека тој може да биде дополнителна гаранција за исполнување или имплементација на сето ова што дополнително би го договориле, изјави Бучковски.

Тој оцени дека и кај нас и кај Бугарите недостасува довербата.

„Тоа е главниот проблем ако ја читате и претпочитате нивната фамозна декларација која ни создава сериозни проблеми во изминатите две години. Ние тврдиме дека со таа декларација западнавме во овој ќор сокак од кој не може да излеземе. Тие тврдат дека тоа било провоцирано од наша страна заради тоа што Историската комисија не работела според нивните очекувања“, изјави Бучковски.

Бугарија Владо Бучковски Кирил Петков Македонија предлог работни групи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.