Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека првата седница за буџетот за 2018 во матичната Комисија за финанисрање и буџает ќе ја закаже на 27 ноември, по што почнуваат да течат строго утврдените со Деловникот рокови за усвојување на Буџетот.
Тој за Алсат М рече дека очекува тој да биде усвоен до до 20 декември. Тој истана дека не се можни опструкции од страна на опозицијата околу усвојувањето на буџетот за наредната година.
Владата до Собранието на 10 ноември го достави Буџетот за наредната година, кој ќе биде до сега најголем во историјата на државава и ќе изнесува над 3 милијарди и 400 милиони евра и буџетски дефицит од 296 милиони евра или 2,7 отсто од бруто – домашниот производ.