Бугарија се наоѓа на европскиот врв по бројот на затвореници според порастот на бројот на затвореници во 2016 година, а се очекува да ја надмине и Турција, се констатира во Извештајот на Советот на Европа за состојбата во затворите во земјите од ЕУ во 2016.

Во септември 2016 година во Бугарија имало 8.347 притвореници и затвореници.  Во Бугарија има 9.670 ќелии, од кои 8.127 се во затворите, а преостанатите се наоѓаат во притвор. Престојот на еден затвореник во затворите во Бугарија чини 111 лева дневно. Просекот во Европа изнесува 51 евро.

Бугарија е меѓу земјите со најголем број затвореници осудени за кражба. Европскиот просек е 30 осуденици на 100.000 жители во Европа. Во Бугарија овој просек изнесува 37, а со полоши показатели се само Азербејџан (38,5), Турција (42,7), Полска (47,8) и Грузија (231,7).

Најголемиот дел затвореници во Бугарија (29,7 отсто) имаат казна од една до три години, а два отсто имаат доживотни затворски казни.

Во истиот овој извештај, за Македонија се констатира дека бележи највисока стапка по број на бегства од затворите.