Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија вечерва ќе добие нов претседател на државата

0
By Нова ТВ on November 13, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерва Бугарија ќе добие нов претседател или претседателка на државата.

Денес се одржува вториот круг на претседателските избори. Првиот се одржа пред една недела кога победи кандидатот на социјалистичката опозиција генералот Румен Радев, 53 години, екс командант на бугарската воздушна армија и кандидат на Социјалистичката партија.

Цецка Цачева, 58 години, кандидатката на ГЕРБ, демо-христијанската партија на власт, го загуби првиот круг.

Изборите се тест за популарноста на премиерот Бојко Борисов. Борисов, кој е на власт од 2014 година, вети дека ќе даде оставка од функцијата доколку кандидатката на ГЕРБ ги загуби изборите и ќе свика вонредни парламентарни избори. Но ако до оставка не дојде а на изборите победи Радев, опозицијата би можела да се обедини и да ја турне владата.

Во кампањата главна улога играа сиромаштијата, корупцијата, демографската криза и отселувањето на населението. Во Бугарија просечната плата изнесува околу 500 евра.

Цачева ветува стабилност на земјата и продолжување на евро-атлантскиот курс на државата.

Радев тврди дека ќе донесе промени и ќе ги намали растечките корупција и сиромаштија. И дека подобрувањето на односите со Русија не е некомпатибилно со евро-атлантскиот пат на земјата.

Претседателот има мандат од 5 години и неговата улога е пред се протоколарна.

Во Бугарија влезе на сила закон кој ги обврзува граѓаните да гласаат но неизлегувањето на гласање носи само симболична казна.

Околу 6,8 милиони избирачи се повикани да го изберат новиот шеф на државата.

Бојко Борисов Бугарија претседателски избори Румен Радев Цецка Цачева
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025

Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници

September 6, 2025

УНИЦЕФ: Детството не може да опстане во Газа

September 5, 2025

Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници

September 5, 2025

Криминална организација во Грција шверцувала и продавала разредено гориво – дистрибуирани над 1,34 милиони литри

September 4, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.