Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарскиот Парламент на затворена седница ќе ја сослуша Генчовска за Северна Македонија

0
By Соња Крамарска on June 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со гласови од ГЕРБ – СДС, ДПС, „Има таков народ“ и „Преродба“, бугарскиот Парламент одлучи како прва точка на дневниот ред, денеска, да ја сослуша министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

Предлогот беше одобрен со 117 гласа „за“, 108 против и пет воздржани. Од „Продолжуваме со промената“, „БСП за Бугарија“, „Демократска Бугарија“ и четворица независни пратеници гласаа „против“ предлогот.

На барање на „Има таков народ“, сослушувањето на министерката Генчовска е зад затворени врати. Затоа медиумските камери беа запрени и од пратениците беше побарано да ги остават телефоните надвор од салата.

Генчовска е кандидат на партијата на Слави Трифонов и пред неколку месеци зборуваше за двојна политика на премиерот Кирил Петков околу спорот за Северна Македонија. Последните денови откако ИТН ја напуштија коалицијата и почнаа да ги обвинуваат своите поранешни партнери, повторно се отвори прашањето за обидите на Петков зад сцената да го укине ветото за почеток на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

Како одговор, премиерот постојано повторуваше дека одлуката за соседната земја ќе се носи во Парламентот, максимално транспарентно, а не без согласност на опозицијата.

Неодамна пратеникот Станислав Балабанов покажа белешка во која тврди дека премиерот дека лаже, затоа што нацртал дијаграм на возот за Киев, според кој владата планира прво да го укине ветото, а потоа Северна Македонија да ги исполни барањата на Бугарија.

Наводите на Балабанов беа опишани од шефот на кабинетот на премиерот Лена Бориславова како трикови.

ГЕРБ- СДС утринава поднесоа 59 потписи по барање за изгласување недоверба на Владата. Ова на брифинг во Народното собрание го соопшти претседателката на групата Десислава Атанасова.

На вонредна прес-конференција заменик-претседателот на ГЕРБ Томислав Дончев вчера најави дека денеска ќе се поднесе барање за гласање поради неуспехот на Владата во областа на јавните финансии и економската политика.

бугарски Парламент вето Северна Македонија сослушување Теодора Генчовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.