Премиерот Бојко Борисов заедно со Бугарската државна делегација пристина во Владата на Р.М, каде заедно со премиерот Зора Заев ќе го потпишат Договорот за добрососедство.
Пред Владата бугарскиот премиер беше пречекан со највисоки воени почести, од неговиот колега Зоран Заев, како и од министрите во неговиот кабинет. За неполн час се очекува и потпишување на договорот меѓу двете земји кој го договараа преговарачките тимови предводени од министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Екатерина Захариева. Откако ќе биде потпишан договорот за добрососедство, меѓу министрите ќе бидат потпишани и повеќе меморандуми за соработка.
Заедно со бугарската делегација во Скопје од Бугарија допатуваа над 60 новинарски екипи, кои ја следат посетата и потпишувањето на Договорот.