Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарските проститутки заработуваат до 3.000 евра неделно

0
By Нова ТВ on August 4, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 4, 2018 14:03

До 3.000 евра неделно заработуваат елитните проститутки во големите летувалишта на бугарското крајбрежје. Нивните поскромни колешки, кои се среќаваат со туристи крај брегот, добиваат меѓу 300 и 400 евра. Толкави се заработувачките во јули, а за август се очекува да бидат поголеми, објави бугарскиот весник „Труд“.

За младите Англичани и Германци, Бугарија веќе се стекна со имиџ на секс дестинација. Странците коментираат дека во Бугарија повеќето девојки се убави, а цените се пониски од Шпанија, Италија, па дури и од Грција.

Над 20.000 Бугарки заработуваат од „најстариот занает во светот“, при што од половина до две третини од нив „работат” во странство. Тие главно работат во Западна Европа, но голем е бројот и на „гастербајтерки“ во Грција и Кипар. Заработувачката таму достигнува и до 40.000 евра месечно, но имаат и поголеми трошоци, наведува „Труд“.

Тоа се податоци добиени од Центарот за проучување на демократијата (ЦИД), кој во јуни спроведе истражување за трговијата со луѓе со цел сексуална експлоатација.

Експертите од ЦИД го делат пазарот на секс услуги на три дела. На најниското ниво се проститутките, кои работат на отворено – на ТИР паркинзи, гранични премини и мотели крај автопатите, на познати собиралишта во големите градови, крај железнички и автобуски станици, зафрлени патишта и слично. Според истражувањето, тие можат да имаат од седум до 20 клиенти дневно, а тарифите им се од седум до 15 евра во зависност од видот на услугата. На Запад тој вид проститутки заработуваат од 30 до 50 евра.

На второто ниво се проститутките кои работат во затворен простор. Меѓу нив се оние кои се продаваат во бордели и клубови за масажи, изнајмуваат станови или соби во евтини хотели и хостели, работат во еротски клубови „со консумација”. Во истата категорија се и девојките кои се „на повик” на адреса. Се смета дека тие опслужуваат од двајца до шестмина клиенти на ден. Цените кај нив почнуваат од 30 до 50 евра за сеанса и стигнуваат до 200 евра ако бидат ангажирани за цела ноќ. Тарифите им се поблиски до оние на нивните колешки во Западна Европа.

На највисокото, трето ниво се елитните проститутки. Според истражувањето на ЦИД, таму спаѓаат модни и рекламните агенции, фирми од естрадата и забавата. Кај нив, износите се по договор и понекогаш можат да стигнат до 500 евра зa сеанса, а на Запад – и до 3000 евра.

Од ЦИД посочуваат дека пазарот на проституција во Бугарија, кој до пред неколку години беше контролиран исклучиво од организираниот криминал, во моментов е значително фрагментиран и децентрализиран. Под контрола на мафијата останале главно одморалишта, како и поголемиот дел од шверцот кон странство.

Бугарија истражување Проституција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.