Денес е датумот! – Порача на социјалната мрежа Фејсбук, министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„19 јули 2022 . Сончево утро денес во Брисел, како најава за историскиот успех за почеток на преговорите. Прва Меѓувладина конференција меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. Отворачка изјава на македонски јазик во срцето на ЕУ. Почеток на скрининг процесот“, напиша тој.
Заедно со Османи во Брисел покрај премиерот Ковачевски кој ја предводи државната делегација, се и замениците на премиерот Артан Груби и Бојан Маричиќ и министрите Оливер Спасовски, Бисера Костадиновска Стојчевска и Адмирим Алити. (С.К.)