НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Булингот на социјалните мрежи може да стане „од играчка-плачка“ – моќна порака во филмот „Сестри“ на Дина Дума

0
By Ана Василевска on September 17, 2021 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Од прес конференцијата во Битола
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Битола за НОВА ТВ, Ана Василевска

По вчерашната проекција на филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума на отворањето на 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, дел од екипата денеска се претстави на прес конференција.

На прашањето дали интенција на филмот е да допре до целната група, односно до тинејџерите за свесноста околу можноста со споделувањето на компромитирачки материјали да се уништи нечиј живот, режисерката Дума вели:

„Овој филм го развивав 5 години. Сниман е 6 недели на локации во Скопје. Инспирацијата е од автентичен настан што се случи кога бев во средно улилиште. Се надевам дека филмот ќе допре до сите возрасти, особено до тинејџерите. Сметам дека свесноста за оваа тема како и одговорноста треба да ја преземат надлежните институции. Ова е реален проблем и не смее да се турка под тепих, рече Дума на денешната прес конференција.

Со оглед на сложената реализација на снимањето, подводни кадри но и камера која мора да оформи функционална атмосфера и амбиент, кинематограферот Наум Доксевски вели:

„Структура на фотографијата ја поставивме со Дума од самиот почеток. Креиравме амбиент во кој мораше да функционира приказната. Да, беше тоа сложен процес, не е само од избор на локации, костими, процес кој траеше долго. Филмот беше тежок за сите нас, и беше предизвик за сите членови на екипата. Опрема за подводно снимање кај нас нема, таа беше изнајмена од Хрвтска и секако во реализацијата учествуваа и професионални нуркачи, рече Доксески.

Младите актерки кои се во улогите на тинејџерки се натуршчици, но градат одлични идентитети на ликовите. Режисерката вели дека им дала слобода до некаде самите да ги креираат карактерите, кои се исклучително психолошки разработени. Една од актерките имала 14 години кога почнало снимањето.

Сцена од филмот „Сестри“ , Миа Жиро и Антонија Белазелкоска.

„Свесни бевме дека ова што треба да го одиграме е реалност што ја живееме. Темата е многу важна за младите луѓе, има неброени вакви приказни но никој не сака јавно да проговори за нив“, согласни беа младите актерки.

Силна и впечатлива улога во улогата на мајка во „Сестри“ оствари актерката Верица Недеска.

„Сестри“, дебитански долгометражен филм на режисерката Дина Дума , имаше светска премиера на филмскиот фестивал во Карлови Вари, најголемиот фестивал во Чешка.
Филмот, зад кој стои „Лист продукција“ се прикажа во натпреварувачката програма Источно од Западот, каде влегуваат први или втори долгометражни филмови на авторите и документарци од Централна и Источна Европа, Балканот, земјите од поранешниот Советски Сојуз, Средниот исток и Северна Африка. Станува збор за филмови кои ќе имаат светска или европска премиера на овој фестивал.
„Сестри“ е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.
Продуцентка е Марија Димитрова, сценариото е на Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата ја правеа Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите Роза Трајческа-Ристовска, а шминката е на Жанета Димитриевска.
Дума го сними филмот во 2019, на урбани локации низ Скопје во продукција на „Лист“.
„Сестри“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија и е регионална копродукција со Црна Гора и Косово. Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро и Антонија Белазелкоска.

Како дел од програмата на фестивалот денеска ќе се одржи презентација на „Сине рефлект“, систем за осветлување со Јакоб Балингер и Кристијан Бергер.

Во големата сала на Центарот за култрура, вечерва во 18 часот е проекцијата на филмот „Крај на страдањето“ во реќија на Жаклин Лензу, кинематографер Констатинос Кукулијас,  а потоа е проекцијата на „Мурина“ во режија на Анатоанета Алмат, кинематографер Елен Лувар.

Во чест на Кристијан Бекер во киното Манаки од 20 часот ќе биде прикажан филмот „Хана монстер, душа“ а во 21.30 часот во Центарот за култура ќе има проекција на „Низ маглата“ во режија на Диого Салгадо, кинематографер Жоана Силва Фернандес и „Тркало на среќа и фантазија“ во режија на Риусуке Хамагучи и кинематограферот Јукико Иока.

булинг Дина Дума иффк браќа манаки филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.