Баерн расчисти уште една пречка на патот кон одбрана на титулата. Баварците ја декласираа Борусија Дортмунд со 4:1 и покажаа дека им нема рамен во Бундеслигата. По два гола во полувреме добија „милионерите“ за „банкрот“ на „Алијанц арена“. Двоен стрелец беше Роберт Левандовски. Полскиот репрезентативен напаѓач беше прецизен во 10 минута од игра и во 68 минута од пенал за вкупно 26 погодоци во 28 меча, подвиг каков нема забележано негов колега од сезоната 1980/81.
Франк Рибери погоди во четвртата минута за негов најбрз гол во кариерата по април во 2009 година, четвртиот гол за Баерн беше дело на Арјен Робен во 49 минута. Почесниот за Борусија го постигна Гереиро во 20.
Баерн е лидер на табелата со 68 бода пред Лајпциг кој има 10 помалку, Хофенхајм на третото место со 51, а Борусија е четврта со 50.
Бундеслига, 28 коло
Резултати
Баерн – Борусија Дортмунд 4:1
Шалке – Волфсбург 4:1
Лајпциг – Баер 1:0
Хамбургер – Хофенхајм 2:1
Фрајбург – Мајнц 1:0
Келн – Борусија Менхенгладбах 2:3
Ајнтрахт Франкфурт – Вердер 2:2
Херта – Аугсбург (недела, 15.30 ч.)
Инголштат – Дармштат (недела, 17.30 ч.)
Табела: Баерн 68, Лајпциг 58, Хофенхајм 51, Борусија Дортмунд 50, Фрајбург 41, Келн 40, Херта 40 (-1), Борусија Менхенгладбах 39, Ајнтрахт Франкфурт 38, Шалке 37, Вердер 36, Баер 35, Хамбургер 33, Волфсбург 30, Мајнц 29, Аугсбург 29 (-1), Инголштат 25 (-1), Дармптат 15 (-1).