Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бутарис го покани Заев на заедничка прослава на Нова Година во Солун

0
By Нова ТВ on November 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Состанокот на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц со преговарачите во спорот меѓу Македонија и Грција за името е одложен поради обврските на двете страни и пролонгиран за почетокот на декември, изјави премиерот Зоран Заев, по денешната средба во Скопје со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

– Тоа беше само желба, проектиран датум, веројатно заради обврските на двете страни е пролонгирана за почетокот на декември. Ќе се одржат ваквите средби, ги знам и деталите, не би ги објавувал затоа што организатор е господинот Нимиц, но реално знам дека нема причини за одложување на средбата, додаде тој.

Премиерот денеска се сретна со Бутарис, кој е во посета на Скопје во рамки на процесот на градење мерки на доверба меѓу двете земји и за време.

Бутарис напомена дека оваа средба и останатите, планирани во Скопје, се продолжение на дијалогот, што го имаше со Димитров во Солун на маргините на квадрилатералната средба во октомври.

– Како градоначалник не би навлегувал во политички прашања, но сепак соработката меѓу градоначалници, како претставници на локалните власти е мошне важна за натамошната соработка на двете земји и и нивните граѓани, рече солунскиот градоначалник.

Посочи дека тој секогаш проблемите ги решава од темелите, па нагоре, нагласувајќи оти зајакнувањето на соработката на властите на локално ниво ќе придонесе и за отворање на процесите за решавање на сите останати прашања меѓу двете земји.

Тој го покани Заев во приватна посета на Солун на новогодишната ноќ и истакна дека ќе се залага следната средба на премиерите на двете земји да се одржи токму во Солун.

Заев истакна дека со задоволство ќе ја прифати иницијативата да ја пречека новогодишната ноќ во Солун.

– Сериозно ќе размислам за за тоа, можеби таму ќе ја пречекам заедно со Бутарис и со премиерот на Грција Алексис Ципрас, рече Заев.

Тој напомена дека со солунскиот градоначалник се согласиле дека политичарите од двете земји имаат обврска да ги отворат перспективите на граѓаните и додаде дека тие можат да излезат како победници ако изнајдат решеие на повеќедеценискит спор со името.

Бутарис напомена дека тој како претставник на локалната власт пред се акцент става на соработката меѓу двете земји на локално ниво во различни области како бизнисот, екологијата, културата, прекуграничната соработка.

За време на неговата средба во октомври во Солун со Димитров беше договорено формирање Работна група за соработка, која ќе опфати повеќе општини од двете земји.

Информира дека ќе се зајакне соработката во врска со каналот Вардар-Дунав, планирано е организирање заеднички настани на локални ниво во сферите на културата, екологијата, образованието и социјалните прашања.

– Сметам дека поради постоење на силна желба за соработка ова ќе биде успешно. Ваквиот пристап ќе овозможи да се урнат сите граници, кои постоеја досега, додаде Бутарис.

Заев напомена дека е договорено иницијативата на претседателот Ѓорѓе Иванов за регатата, која се случува од Скопје, наместо да завршува на границата, да продолжи до Солун и тоа следната пролет. Ќе се реализира и идејата договорена со Димитров за организирање винска туристичка мапа, поврзувајќи ги винските градови на двете земји, а планирана е и реализација на идејата сите општни во јужниот дел на Македонија да имаат можност да влезат во ИПА компонентите за меѓугранична соработка со општините од северниот дел на Грција.

Бутарис Заев Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.