Browsing: ВЕСТИ

Во малото населено место Нивици на грчката страна на Преспанското Езеро точно пред две години шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас ги ставија своите потписи на Преспанскиот договор.Со решавањето на спорот со Грција се одблокираа интегративните процеси на земјава во НАТО и Европската унија. Македонија согласно договореното се преименува во Република Северна Македонија, државјанството стана македонско/државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски

Летово земјата ќе го добие десетиот парламентарен состав. Според анкетата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, деветиот си заминува со оценка 2,6

Организацијата и одржувањето на изборите во Северна Македонија влегува во нова фаза на политичка и правна кармакаша. Од ОБСЕ за ДВ велат дека не сакаат да ги коментираат политичките недоразбирања