Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборите во политичка и правна кармакаша

0
By Нова ТВ on June 15, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 15, 2020 09:16

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР не сака да навлегува во политичките превирања во Северна Македонија кои го доведуваат во прашање одржувањето на изборите на 5 јули. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го одби 5 јули како термин за изборите и бара присуство на набљудувачката мисија на првиот ден од кампањата. Дополнително се отвори и нова правна дилема околу важноста на владините уредби и по завршување на вонредната состојба и улогата на ДИК и претседателот на Собранието Талат Џафери во изборниот процес.

ОБСЕ во Северна Македонија ќе испрати тим експерти чија база ќе биде во Скопје и тие ќе ги следат сите аспекти на изборниот процес, велат за „Дојче веле“ од Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) при ОБСЕ.

„Специјалната мисија за оценка на изборите е составена од тим од експерти, вклучително и политички, правни и медиумски аналитичари“, вели за ДВ портпаролката на ОБСЕ/ОДИХР Катја Андруш.

Таа објаснува дека во првично планираната Мисија за набљудување на изборите дополнително би членувале и долгорочни и кусорочни набљудувачи кои ги испраќаат другите земји членки на ОБСЕ. Поради пандемијата на коронавирусот, тоа сега не е можно. Иста мисија како за Северна Македонија, ОДИХР планира и за изборите во Србија следниот викенд.

ОДИХР објави конкурс со кој бара тим на експерти од различни области кои треба да ги следат вонредните парламентарни избори во земјата на 5 јули. Меѓународните набљудувачи се очекуваат во земјата по 19 јуни.

Мицкоски не сака избори на 5 јули

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР доаѓа на покана на владата. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема намера да учествува на избори на 5 или 8 јули и инсистира тие да се случат на 15 јули.

„Тоа значи дека првиот ден кога набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР ќе бидат во Македонија, веднаш по одржаната нивна прва прес конференција, следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори“, изјави денеска Христијан Мицкоски.

Тој инсистира за изборите да се договорат нови протоколи за заштита на граѓаните и присуство на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР одбиваат да коментираат што ќе се случи доколку изборите сепак не се одржат на 5 јули.

„ОДИХР ќе соработува со властите низ целиот изборен процес, ние не можеме да шпекулираме за идниот политички развој во кој не учествуваме“, вели Андруш.

Таа дополнува дека ОДИХР ќе објави извештај со оценка за целиот изборен процес ден по завршувањето на изборите. По барањето на Мицкоски за свикување нова вонредна состојба од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски му одговорија дека најпрво политичките лидери треба да договорат термин за одржување на изборите. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, не отстапува од 5 јули.

„Сите законски и уставни услови за одржување на изборите се исполнети. ДИК како извршно тело има обврска да ги спроведе изборите кои по закон и устав се на 5 јули. За непостапување по законите следува одговорност“, порача Заев преку Фејсбук.

Деркоски го чека Џафери, а Џафери чека консензус

Но, ДИК вчера не успеа да се состане, откако претседателот на Комисијата, Оливер Деркоски попладнево најави дека нема намера да ја почитува владината уредба за почеток на изборните активности, прогласувајќи ја за неважечка. Според Деркоски, сега претседателот на Собранието, Талат Џафери треба да потпише ново решение за изборите.

Џафери синоќа изјави дека чека консензус од партиите за да потпише решение. Но, самиот Џафери во интервју за ТВ Телма на 7 мај годинава рече дека веднаш по завршувањето на вонредната состојба, ДИК треба да почне со подготовка на изборите.

„Не може Државната изборна комисија да условува. Таа е обврзана според решение на претседател на Собранието, а во случајов и според уредбата е должна да постапи по роковите како што застанала“, рече тогаш Џафери.

Џафери синоќа за „360 степени“ рече дека тој треба одново да распише избори.

„Се знае според Уставот кој распишува избори. Јас како претседател на парламентот ги распишав изборите на 12 април, кога ме информираа дека има консензус. Нека постигнат консензус и ќе ја исполнам својата уставна обврска“, рече собранискиот спикер.

Зоран Заев избори Македонија Мисија ОБСЕ/ОДИХР Талат Џафери Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.