Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Би-Би-Си“: Дексаметазон е прв лек за коронавирус кој спасува животи

0
By Нова ТВ on June 16, 2020 ВЕСТИ
Фото: time.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 16, 2020 15:42

Евтиниот и широко достапен лек наречен дексаметазон може да помогне во спасување на животи на пациенти кои се сериозно болни од коронавирусот, јави денеска „Би-Би-Си“. Експерти од Велика Британија велат дека лекувањето со мала доза на стероидот е голем успех во борбата против смртоносниот вирус. Тој го намалил ризикот од смрт кај третина од пациентите на респиратори. Кај оние на кислородна поддршка, ги намалил смртните случаи за една петтина.

Лекот е дел од најголемото тестирање во светот со кое се испитува дали веќе постоечките начини на лекување помагаат и кај коронавирусот. Истражувачите проценуваат дека ако лекот беше достапен во Велика Британија од почетокот на пандемијата на коронавирусот, можеле да се спасат до 5.000 животи. Со оглед на тоа што е евтин, може да биде од голема корист во сиромашните земји кои се борат со голем број на пациенти со Ковид-19.

Околу 19 од 20 пациенти кои бие заразени со коронавирусот закрепнуваат без да доаѓаат во болница. Од оние што се примени во болница, повеќето исто така закрепнуваат, но на некои може да им треба кислород или механичка вентилација. Ова се пациенти со висок ризик кај кои се чини дека дексаметазонот помага, информира „Би-Би-Си“.

Лекот веќе се користи за да се намали воспаление кај низа други состојби и се чини дека помага за да се запрат дел од оштетувањата што можат да се појават кога имунолошкиот систем на организмот претерано реагира додека се обидува да се бори против коронавирусот. Претерана реакција на телото се нарекува цитокинска бура и може да биде смртоносна.

Во истражувањето, предводено од тим од универзитетот Оксфорд, околу 2.000 болнички пациенти добиле дексаметазон и биле споредувани со речиси 4.000 кои не го добиле лекот. За пациентите на респиратор лекот го намалил ризикот од смрт од 40 на 28 проценти. За пациенти на кои им бил потребен кислород, тој го намали ризикот од смрт од 25 на 20 проценти.

„Ова досега е единствениот лек што се покажа дека ја намалува смртноста и тоа значително ја намалува. Тоа е огромен напредок“, изјави за „Би-Би-Си“ шефот на истражувачкиот тим, професорот Питер Хорби.

Главниот истражувач, професор Мартин Ландреј, вели дека наодите сугерираат оти на секои осум пациенти на кои им требаат респиратори, би можел да се спаси еден живот. Кај пациентите на кислород, може да се спаси еден живот на секои 20 до 25 ако се третираат со лекот, вели професорот.

Би-Би-Си Велика Британија Дексаметазон истражување Ковид-19 лек
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.