Browsing: ВЕСТИ

Канцеларијата на Светска банка во Скопје соопшти дека се одобрени 90. милиони евра за поддршка на земјава во борбата со коронавирусот, за зајакнување на националниот здравствен систем и за ублажување на социјалните последици од пандемијата

Цената на ПСР тестовите за КОВИД-19 кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување ќе биде иста како за јавните така и за приватните лаборатории, потврди директорот на ФЗО, Ден Дончев

Двајца починати и тројца позитивни случаи кои с е хоспитализирани во болницата „8 Септември“на КОВИД-19 има во општина Шуто Оризари. Лекарите велат дека заболените не даваат точни податоци каде се движеле, со кого контактирале, а на тие што им е одредена самоизолација не ја почитуваат, излегуваат, се шетаат, одат по лекови на рецепт кај матичните лекари

Има намалување на бројот на нови дијагностицирани случаи, како и на индикациите за нови тестирања за Ковид-19, што е сигнал за намалување на епидемијата, рече Филипче и потенцира дека мерките за заштита кои ги избрала нашата држава се идеални и дека овој модел ги дал посакуваните резултати

По едно лице почина на Инфективната Клиника во Скопје и во ГОБ „8 септември“ и две пациентки починаа во Куманово, стои во сооопштението на Министерството за здравство за состојбата со ковид-19 во земјата во последните 24 часа

Ова се вели во реакцијата од претседателскиот Кабинет и се додава тоа не значи оти претседателот Пендаровски не треба да соработува со професорот Малески, бидејќи како што е наведено, „одамна е зад нас времето кога сите советници на претседателот и на премиерот, до последен, имаа задача само да ги повторуваат ставовите на своите претпоставени“

За да се доведат случаите на семејно насилство или самоубиства во корелација со рестриктивните мерки воведени заради корона-кризата, мора да се примени студија на секој случај поединечно