Browsing: ВЕСТИ

На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 36 години од Гостивар, кој освен прекумерна тежина немал други претходни заболувања, но неговата клиничка слика била тешка. Во денешната евиденција од КОВИД-19 ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години, кој пчинал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово

„МојДДВ“ и „МојДДВ #МојаНаграда“ во духот на солидарноста се приклучуваат кон борбата против ковид-19. Граѓаните ќе можат и да донираат средства од својот поврат на ДДВ преку апликацијата „МојДДВ“

Шефот на македонската дипломатија упати благодарност до Европската унија за поддршката и помошта во справување со коронавирусот и за создаденото чувство на припадност кон тимот-Европа.

Промени во Законот за семејство, фер третман кон децата од разведени бракови и нивните родители, напуштање на застарениот еднородителски систем и воведување на заедничко родителство. Ова се барања на Граѓанската иницијатива за заедничко и одговорно родителство по развод кои се доставени до Владата од која очекуваат и измена на одлуката од 6 април за забрана за движење на граѓаните што, како што велат, директно ги засега родителите кои не живеат со своите деца по развод или разделба

Серијал на НОВА со водечките македонски интелектуалци за последиците по кризата со Корона вирусот:  Маја Бојаџиевска, професорка, Филолошки факултет, УКИМ-…

Илјада ќебиња добиени преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, беа злоупотребени од евроскептиците со цел да го „покријат“ фактот дека ЕУ ѝ помага на Северна Македонија со 66 милиони евра

Околу 80 вработени од Институтот за јавно здравје денеска се собраа на состанок, незадолни од тоа што се уште не е изготвен Колективниот договор и се уште не земале плата за март, дознава НОВА