Browsing: ВЕСТИ
Според податоци од Централен регистар во Тековната состојба за фирмата, во графата управител е запишано името на Љупчо Пецов, осуден на девет години казна затвор заедно со татко му Ангел и со мајка му Мариче во досието „Керозин“ во 2014 година. Семејството Пецови од Неготино тогаш беше осудено дека како злосторничка група преку неготинската фирма „Алма-комерц“ точеле помало количество нафта во институциите отколку предвиденото со договорите за јавни набавки и со тоа ja оштетиле државата за три милиони евра
Ватикан ја укина „папската тајна“: Случаите за сексуални злоупотреби достапни за граѓанските власти
Папата Франциск го симна превелот на тајност во Ватикан за сексуална злоупотреба, па Католичката црква во иднина ќе може да споделува информации и документи со граѓанските власти, а жртвите ќе имаат прилика да ги ажурираат своите статуси во случаите
Од опозициската партија велат дека имаат забелешки за предложените измени и дополнувања во Законот за одбрана, но не ги кажуваат јавно. Велат „министерката Шекеринска ги знае“. За Законот да мине во Собрание е потребно двотретинско мнозинство
Како прв приоритет на ветинг-листата треба да биде партиската инфицираност на судиите, беспоговорното извршување на партиските директиви и исполнување на партиските интереси, па потоа имотната корупција, смета деканот на Правниот факултет на ФОН, Љубомир Фрчкоски
И навистина е големо разочарување да се гледа некогашната специјална обвинителка сега секој ден да седи во клупата на обвинети, на таа клупа каде таа со месеци ги седнуваше луѓето кои требаше да одговараат за сите скандалозни кривични дела кои ги слушнавме во нелегално снимените разговори, а кои денес се стара вест. Никој не зборува веќе за одговорноста на тие луѓе кои нелегално и со години прислушувале повеќе од 20.000 граѓани на оваа земја. Никој веќе не верува дека некој од нив ќе носи вистинска одговорност.
По сеопфатна истражна постапка е утврдено дека во временскиот период од 21 декември во 2010 година до 8 август во 2018 година, обвинетите предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 163.513.868 милиони денари
Пратеникот на БЕСА, Фадил Зендели беше на службено патување и затоа не присуствуваше на Комисијата за избори и именувања кога се гласаше за членови на Судскиот совет. Нема политичка заднина. Ние се обидуваме да делуваме конструктивно во Собранието, не сакаме да ги блокираме процесите, вели за НоваТВ, Касами
Конзервативната партија на Џонсон освои 358 мандати, што е доволно за „комотно“ мнозинство во 650-члениот британски парламнт. Лабуристите, според овие резултати, освоија 203 мандати, Шкотската национана партија 48 мандати, а Либерал-демократите 11. Лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин и првиот човек на Либерал-демократитe, Сал Бринтон најавија повлекување од функциите
За промената на членот со кој би се вовела една изборна единица доволно е просто мнозинство, односно мнозинство од 61 присутен пратеник (не е потребен ниту Бадентер, бидејќи тој не ги допира културните посебности на заедниците) што значи дека доколку не постои блокадата на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за политички систем промената би поминала мазно
Од УЈП велат дека ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори во 2019 година склучила договор со „Полиестердеј“ за 1,3 милиони парчиња рекламен изборен материјал (маички, капчиња, запалки, пенкала, итн.) во врдност од 34.362.612 милиони денари. Од седумте фактури што ги испратила фирмата, ВМРО-ДПМНЕ платила само 11.509.796 милиони денари и останале должни 22.852.816 денари. Согласно договорот, средствата требало да бидат исплатени во рок од 60 дена по испорака на материјалот, што значи дека исплатата требало да заврши до јули оваа година. За реализација на договорот кон ВМРО-ДПМНЕ, „Полиестердеј“ врши нарачка од шпанска компанија „Горфактори“ и од македонската „Монт“ која е фирма ќерка на „Орка Холдинг“
Асеизмичкото проектирање или инжинерството на земјотреси е нова технологија или нова наука, бидејќи порано требаше да се случат земјотреси, за да знаеме во која категорија на трусно подрачје припаѓа некоја земја или град. Нашиот регион односно нашата земја има подрачје каде може да се случи земјотрес и по 9 степени според МКЗ односно Меркелиева скала, тоа се Пехчево, Валандово, Скопје Охрид, Дебар и дел од Полог. Во другите места во Македонија може да има и 8 и 7 степени според оваа скала и 6 во еден мал дел кај Скопска Црна Гора.
Македонецот Станковски ги пречека Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони „Хари С. Труман“
Со посетата на носачот на авиони „Хари С. Труман“, еден од најимпресивните репрезенти на моќта и на комплексниот систем за ефикасни оперативни задачи за одржување на безбедноста, мирот и сигурноста во светот и со средбата со адмирал Џејмс Фого, ја комплетираме сликата за најмоќната воено-безбедносна алијанса на светот и за припадноста на Северна Македонија во најсилниот систем на колективна безбедност, вели Заев















