Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џонсон до конзервативците: Уживајте во славењето

0
By Нова ТВ on December 13, 2019 ВЕСТИ
Фото: vox.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 13, 2019 11:02

Според резултатите од пребројувањето на гласачките ливчиња од вчера одржаните парламентарни избори во Велика Британија, што утринава ги објави „Би-Би-Си“, Конзервативната партија на Џонсон освои 358 мандати, што е доволно за „комотно“ мнозинство во 650-члениот британски парламнт. Лабуристите, според овие резултати, освоија 203 мандати, Шкотската национана партија 48 мандати, а Либерал-демократите 11.

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа на членовите на неговата партија им порача да „уживаат во славењето“, откако првата излезна анкета, покажа дека неговата Конзервативна партија е на пат да ги освои мнозинството мандати на изборите во земјата.

„Се надевам дека вечерва ќе уживате во славењето“, напиша Џонсон во мејл до членовите на партијата, додавајќи „ Вие ја овозможивте оваа кампања. Немаше да успееме без вас“.

Фото: irishmirror.ie

Со овие резултати Џонсон ќе освои местата во парламентот што му се потребни да го реализира Брегзит на 31 јануари, јавија британските медиуми.

„Сметам дека ќе се покаже дека ова беа историски избори кои ни дадоа шанса, во новата влада, да ја испочитуваме демократската волја на британскиот народ. Пред се, сакам да им се заблагодарам на луѓето што излегоа на декемвриските избори кои не сакавме да ги распишеме, но кои, сметам, станаа историски“, истакна Џонсон кој изборниот резултат го оцени како шанса за Велика Британија за менување кон подобро и за ослободување на потенцијалот на сите луѓе во земјата.

Резултатите од изборите сè уште се бројат, а „Политико“ оценува дека овој резултат претставува голема лична победа на Џонсон и значи дека Велика Британија сигурно ќе ја напушти ЕУ, на крајот на јануари.

Фото: bbc.com

Ова е најголема победа на ториевците во последните 30 години, а подобар резултат имаше само „железната лејди“, Маргарет Тачер, на изборите во 1983 година кога освои 397 мандати, пишува „Гардиан“.

ЕУ ја поздрави „чистотата“ во изборните резултати во Велика Британија

Европските дипломати ја поздравија „чистотата“ која, се чини, е пресудна за изборната победа на британските конзервативци, што, пак, земјата ја донесоа до прашањето за излез од ЕУ, но додаваат и дека ќе биде предизвик за трговскиот договор до крајот на 2020 година.

„Тоа што синоќа беше сигурно, се чини, е што дојде до појаснување, изјави француската министерка за европски работи, Амели де Моншталан, пренесуваат британските медиуми.

Таа кажа дека лидерите на ЕУ сега ќе разговараат за мандатот за преговарање за идните односи со Велика Британија по планираното излегување на земјата од Унијата на крајот на јануари.

Фото: euneighbours.eu

„Најважната работа со Брегзит не е начинот на кој се разделуваме, туку што ќе градиме потоа“, додаде Моншталан.

Велика Британија и ЕУ мораат да преговараат за трговски договор до крајот на 2020 година, бидејќи тогаш завршува преодниот период за излегување на Велика Британија кога трговските односи меѓу Лондон и неговиот најголем трговски партнер ЕУ, ќе се вратат на стандардите на Светската трговска организација (СТО).

Меѓутоа, официјални претставници на ЕУ сметаат дека преговорите за трговски договор со Велика британија за помалку од 12 месеци ќе биде многу тешко да завршат, бидејќи таквите договори се склучуваат со години.

Корбин: Нема да ги предводам лабуристите на следните избори

Лидерот на Лабуристичка партија, Џереми Корбин, изјави дека нема да ја предводи оваа партија на следните избори по „многу разочарувачката ноќ“. Тој порача дека ќе остане на чело на партијата во текот на процесот на анализа на резултатите од вонредните парламентарни избори, кои, како што наведува „Би-Би-Си“, се најлошите што лабуристите ги оствариле од 1935 година.

„Ова беше многу разочарувачка ноќ за Лабуристичката партија. Нема да ја предводам партијата во идна предизборна кампања“, рече Корбин, а пренесуваат британските медиуми.

Фото: bbc.com

Тој додаде дека Брегзит ја поларизира и подели дебатата во Велика Британија и дека ја поништи „толку нормалната политичка дебата“.

„Признавам дека тоа придонесе за резултатите кои Лабуристичката партија ги оствари ширум земјата“, рече Корбин.

Британските либерали ќе избираат нов лидер по неуспехот на изборите

Британските либерални демократи соопштија дека наскоро ќе изберат нов лидер, откако Џо Свинсон го загуби своето место во Парламентот на вчерашните избори во Велика Британија.

Фото: pinknews.co.uk

„Во следните недели ќе избереме нов лидер и нашата партија ќе продолжи да биде место каде што ќе се собираат сите кои веруваат во државата каде секој има шанса да го подобри својот живот“, изјави претседателот на партијата, Сал Бринтон.

Либералните демократи се надеваа дека ќе освојат повеќе места на изборите поради својот цврст проевропски став, но засега веројатно ќе имаат само околу 10 од вкупно 650 места во Долниот дом на Парламентот, што е помалку од претходно.

Борис Џонсон брегзит Велика Британија избори Конзервативна партија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.