Browsing: ВЕСТИ

Новинарка на Порталб.мк во два навратa пријави дека помеѓу 11:30 и 12:30 часот била попречувана при вршењето на својата работа на две избирачки места во општина Чаир, во основните училишта „Имре Елези“ и „Петар Здравковски – Пенко“, каде не ѝ било дозволувано да фотографира и не биле прифатени нејзините барања да добие изјави од претставник на избирачки одбор и покрај нејзините укажувања на насоките од Државната изборна комисија за непречено и задолжително давање на информации на новинарите

Судскиот совет попладнево на итна затворена седница донесе одлука да му се одземе имунитетот на судија од Управниот суд заради непречено водење на кривичната постапка. На седницата е донесена и одлука со која не е одобрено барањето за определување  мерка притвор за судијата, кој е осомничен за злоупотреби со предмет за денационализација.

Прогресивните луѓе на оваа земја имаат втора среќа на петти мај. Не затоа што тоа е вториот круг на овие претседателски избори, туку заради тоа што по вторпат за само пет години можат да гласаат за Стево Пендаровски