Browsing: ВЕСТИ

Она што на почетокот се чинеше лесна задача, се претоври во вистински предизвик. Како изгледаше потрагата по „Гентомар“ – компанијата која го доби тендерот за продажба на електронски билети во ЈСП.

Една минута вести на македонски и албански јазик:Триесет луѓе се затрупани и мала е надежта дека се преживеани откако ноќеска лавина го затрупа хотелот во скијачкото туристичко место во регионот Абрузо во Италија

Специјалното Јавно обвинителство со поднесок до Основниот суд Скопје 1 , се откажа од обвинителниот акт за предметот познат во јавноста како „Пуч“, соопштија од обвинителството; САД воведоа санкции против претседателот на Република Српска Милорад Додик, поради како што се наведува во образложението, опструкции на Дејтонскиот договор; Американскиот претседател Барак Обама ја преиначи казната на Челси Менинг, , а минатата недела Џулијан Асанж соопшти ќе прифати да биде екстрадиран во САД доколу Обама одлучи да ја преиначи казната на Менинг

Со нова обврска кон СЈО заврши и второто подготвително рочиште за случајот Тврдина 2 во која обвинетиот началник на петтата управа на УБК Горан Грујевски и неговите шест колешки се товарат за уништување на службена документација поврзана со опремата за прислушување; Британската премиерка Тереза Меј порача дека нејзината земја сака чист развод со ЕУ, вклучително и напуштање на заедничкиот пазар;Рускиот претседател Владимир Путин денеска, на прашањето за односите со новиот американски претседател Доналд Трамп реше дека не го познава лично, и нема причини ниту да го брани ниту да го напаѓа.