Browsing: ВЕСТИ

Дали Груевски ќе се откаже од премиерската функција или Заев ќе попушти, кој би ги спроведувал реформите и дали постои капацитет за нивно имплементирање се дел до темите за кои дебатираат Замир Мехмети граѓански активист и Петар Арсовски ПР експерт и политички аналитичар во студио на НОВА

Ребека Хармс, претседател на политичката група на Зелените, германска политичарка која се наоѓа на црниот список на Москва со забрана за влез во Русија, вели дека е штета е истрагата за Куманово не напредува. Исто така не е добро што аферата со снимањето и она што се слуша во «бомбите» не е тема во ЕУ. Европа, вели таа, неодговорно се однесува кон Македонија

До полноќ истекува рокот во кој Грција треба да уплати 1,6 милијарди евра во ММФ, пред кризата да дојде на самата ивица, а последните информации, како што пишуваат странските медиуми, велат дека е можен договор во “5 до 12“

Родители бараат еднакво, споделено старателство врз децата по разводот, во однос 50-50, а државата да не биде соучесник во неодговорното родителство со тоа што најчесто одредува „викенд –татковство“. Можен ли е ваков модел на старателство кај нас и кој е неговиот концепт? Во ПРОЦЕС зборуваат Горан Стоев од Иницијативата за промена на Законот за семејство и Драги Змијанац директор на Првата детска амбасада Меѓаши

По веста вчера дека американскиот Врховен суд донесе одлука истополовите бракови се легални во сите 50 држави на САД, Белата куќа ја промени својата слика на својот Фејсбук профил.

Грчкиот премиер доцна синоќа најави дека ќе се одржи референдум за текстот кој денес треба да биде резултат на преговорите за грчкиот долг за кои денес ќе се разговара во Брисел помеѓу Атина и главните кредитори.

Судот сега смета дека двојките од ист пол можат да го остварат фундаментално право да се венчаат. Оваа слобода повеќе не може да им се забрани“, ова го напишта судијата Ентони Кенеди во образложението на мнозинството.

Колку Европската унија и натаму за Балканот останува единствена алтернатива за подобра иднина со оглед на досегашниот неуспех на Брисел да им се приближи на земјите од регионот. Каде тука е Македонија која десетина години се обидува да ги почне преговорите за прием во Европската унија

Трет пат неделава Грција и министрите за финанции од еврозоната не успеаја да се договорат за долгот на Грција. Кредиторите се жалат на предлогот на Грција кој вклучува само зголемување на даноците, но не и намалување на трошоците

Сноуден и Асанж треба да добијат веднаш азил и француско државјанство поради “заслуги за нашата земја”, бараат повеќе француски политичари откако вчера медиумите објавија дека американската тајна служба НСА ги слушала разговорите на највисоките француски политичари.

Под претпоставка дека навистина ќе постигнеме договор во последен момент, следното прашање е дали поединечните парламенти ќе го ратификуваат и, колку време ќе помине додека да ни затреба нов договор