Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ВЕСТИ
Јасно е дека легализацијата на марихуаната не донесе апокалипса на улиците, како што предвидуваа некои Републиканци, пишува британски „Индепендент“
Стотици новинари, медиумски работници, граѓани, студенти и професори денеска го поддржаа протестот против пресудата за казна затвор на новинарот Томислав Кежаровски и ѝ порачаа на власта дека не бараат милостина, туку правда
Дебата- продуцентот Роберт Насков и режисерите Вардан Тозија и Даријан Пејовски: За новиот данок за хонорари и какви последици ќе предизвика во филмскиот свет и индустријата, дали се подготвени да протестираат и да се борат за своите права?
„Епл“ неодамна патентира идеја според која гигантот во технологијата предвидува тастатурата и глувчињата дури и допирот да бидат ирелевантни. Контролата ќе одвива само со движење на делови од телото
Евтини приказни: Што е лист со А4 формат? Оп, на ен, два три, одиме сите заедно со министерот Миле: горе рацете, показалците кон спротивната страна, лево- десно и обратно, горе-доле, лево-десно и обратно. И така до бескрај. Додека Груевски не го согледа вашиот потенцијал за министер. Затоа што, да го парафразирам Оскар Вајлд, Груевски “не си го губи златното време на глупаци “
Новинари, медиумски работници, членови на новинарскиот синдикат, како и Здружението на новинари на Република Македонија, денеска пред Апелационен суд во Скопје го искажаа својот револт кон пресудата од две години затвор за нивниот колега Томислав Кежаровски
Институциите не можат да се договорат дали и каде ќе се лекува деветгодишната Тамара Димовска која има тежок деформитет на рбетниот столб и е потребна итна операција во странство. Министерството, Фондот за здравство и Комисијата во Фондот излегуваат со контрадикторни информации, а за тоа време здравствената состојба на Тамара е драстично влошена
Резултатите од изборите ќе му го дадат толку потребниот поттик на ХДЗ во пресрет на многу позначајните парламентарни избори кои ќе се одржат на крајот на годината. Грабар-Китаровиќ може добро да ја употреби претседателската функција за да додаде поени на сметката на ХДЗ, особено во однос на проблематичната економија, тврди Димитар Бечев од ЛСЕЕ, дискутирајќи за резултатите од трката за претседател во Хрватска
Околу половина час по изгласување на изменетиот и дополнет Закон за високо образование, Студентскиот и професорскиот пленум вечерва импровизираа погреб на високо образование пред законодавниот дом
Интервју со академик Абдулменаф Беџети во кое професорот зборува за тоа какви последници ќе донесат новините во Законот за високо обравание и ги коментира обвинувањата на Груевски за некредибилноста на професорите. Како член на Професорскиот пленум го прашавме каков вид на граѓанска непослушност следи по донесувањето на законот и дали очекува одмазда од власта
За време на изминатава недела, кога моливот стана симбол за слободата на говорот во Париз, политичарот Рама, кој и самиот е сликар со неколку изложби зад себе, се појави со три моливи: во сина, бела и црвена боја во својот џеб, симболизирајќи го француското знаме
Отворен притисок врз медиумите, вака Независното здружение на новинарите на Србија (НУНС) вчера ги оцени навредите на српскиот премиер Алекасандар Вучиќ кон Балканската истражувачка мрежа (БИРН)