Browsing: ВЕСТИ

Евтини приказни: Премиерот Груевски жали за масакрот во “Шарли Ебдо”. Не се сеќавам дека тој ја извести јавноста дека жали за загинувањето на великанот на македонското новинарство, Никола Младенов. Не се сеќавам затоа што такво обраќање премиерот никогаш и немал

Оџата Рамадан Рамадани и Владиката Климент за злосторството во сатитичниот магазин Шарли Ебдо: Велат дека е тенка линијата помеѓу слободата на изразување и говорот на омраза, за причините зошто религииите не трпат критики кои го толкуваат како исмејување, дали треба на Муслиманите да им се наметнуваат понакви вредности и покрај тоа што ги одбиваат?

Роберт Бадинтер, поранешен министер за правда на Франција и човекот кој ја оцени македонската независност како одржлива по распаѓањето на екс-Југославија, беше повикан на дебата на француската национална телевизија по убиствата на новинарите во Шарли Ебдо

Ниту една институција во државата не дава прецизни податоци за условите под кои услови Македонија го има земено кредитот за новиот клинички центар „Мајка Тереза“. Огромниот комплеск треба да се гради со пари од Банката на Советот на Европа и тежи 70 милиони евра

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од масовните собири во повеќе делови од светот на кои се оддава почит кон загинатите новинари од францускиот магазин Шарли Ебдо. Во продолжение погледнете дел од објавените фотографии на Твитер во изминативе неколку часа

Нападот врз „Чарли Ебдо“, сатиричниот француски магазин кој беше еден од малкуте медиуми во Франција кои објавуваа оригинални карикатури на пророкот Мухамед, е обид на Исламските фундаменталисти да го воспостават Шеријатот во светот, дури и кај оние кои не се муслиманска вероисповест, пишува PJ Мedia

Францускиот магазин „Шарли Ебдо“ има долга историја на посветеност кон својата сатира, и секогаш наоѓал начин како да им пркоси на обидите на критичарите и власта да стават завеса на нивната слобода на изразување, пишува британски „Гардијан“.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја изјави дека Северна Кореја изгледа дека постигнала „значително“ ниво на технологија за минијатурна нуклеарната направа, која може да се стави на врв од проектил.

Движењето Пегида во Германија вчера се соочи со градови без светло и мобилизација на германските демократи. Според Меркел, секој има право слободно да го каже своето мислење но во Германија нема место за протести против имигрантите.

“Германската влада смета дека е речиси неизбежно излегувањето на Грција од еврозоната доколку шефот на опозицијата Алексис Ципрас ја води идната влада по изборите и доколку ја напушти политиката на буџетско штедење и не одлучи да не го намалува долгот на земјата” вели Шпигел повикувајќи се на извори блиски до владата на Германија.

Италијанската фирма Арен Срл што го проектира новиот Клинички центар, доцни со изработката на главниот проект, а со самото тоа доцни и почетокот на изградбата на грандиозниот објект, кој според планот треба да се протега на површина од 61. 500 метри квадратни