Browsing: ВЕСТИ

НОВА ги објавува најгледаните Студиjа во текот на изминатата сезона. Лидерите на новинарите, Насер Селмани и Тамара Чаусидис за притисоците и уцените особено во Сител за да се зачленат новинарите во МАН, за мешањето на власта и улогата на Груевски и разговорите со Дуња Мијатовиќ во Скопје

Јованка беше сведок на домашните и светските политички процеси кои тогаш се случуваа. Во интервју за РТС Јованка зборува за малку познати детали од југословснската историја и за годините поминати во изолација.

За време на бомбардирањето, кое почнaло одеднаш, жителите на Луганск секогаш се криеле во близина на пазарот. Во втората половина од денот армијата отворила оган и во источните делови на градот.Жителите на градот и на соседните области, кои претходно добиваа производи и вода од Луганск, во моментов гладуваат

“Честитки на Мариам Мирзакани која стана првата жена која ја освои медаљата #FieldsMedal и не направи нас Иранците многу горди”, напиша иранскиот претседател на својот Твитер објавувајќи слика на Мариам без шамија со што предизвика шок во земјата.

Летото донесе лоши вести за германската економија. Статистиките велат дека внатрешниот бруто производ на Германија бил намален во споредба со истиот период лани за 0.2 отсто. Оваа вест ја загрижи цела ЕУ.

Прашањето на кое треба да одговорат археолозите е – кој ја имал честа да лежи веќе 2.500 години под импозантната купола висока три метри и заштитена од ѕид од 500 метри? Можеби е Роксана, персиската жена на Александар или Олимпија, мајката на кралот или пак некој од неговите генерали или придружници. Мали се шансите тоа да биде навистина Александар.

Турските жени оваа недела се побунија против сексизмот на турските политичари од исламо-конзервативната партија која е на власт во оваа земја. На социјалните мрежи тие објавија слики на нивните кондури за да ја поддржат Ајлин Назлиака, пратеничка од левата Републиканска партија на народот.

НОВА ги објавува најгледаните Студиjа во текот на изминатата сезона. Македонија мора што поскоро да го реши проблемот со името и да ја напушти „антиквизацијата“, вели за НОВА, Љубчо Георгиевски. За избор на претседател тој би се определил за Кекеновски но не и за Иванов, кој како што вели, потекнува од најгркоманското село во Македонија

Квантификацијата(броење на бактериите) не била од пресудно значење за докажување на листерија кога е докажан ист генотип и кај болните и во примерокот од производот, тврдат во Комисијата за заразни болести. Со ова го Комисијата го демантира тврдењето на Факултетот за ветеринарна медицина дека во производите на оваа компанија ја нема опасната бактерија, исто како што демантираат дека е направена супер-анализа во лабораторијата на овој Факултетот

„Кучиња на војната“ така се нарекуваат српските доброволци кои се борат на страната проруските сили во Украина. Наводно станува збор за доброволци од четничкото движење „Јован Шевиќ“, а како што дознава Телеграф платени се околу 2.000 долари неделно

Љубе Пота, “бејбиситерот” на ООН има 96 години и живее во Скопје, Македонија. И на оваа возраст тој се уште чека “бебето” кое го израсна и кое има веќе 26 години да биде признаено во својот град – Никозија во Кипар