Browsing: ВЕСТИ

Поранешниот директор на УБК и Бирото за јавна безбедност, Горан Митевски, во интервју за НОВА го опишува процесот на уништување на опремата за прислушување, дека мора да постојат докази кој го наредил уништувањето, зошто не е одреден притвор за Гордана Јанкулоска и дали одбивањето на судиите да соработуваат со Катица Јанева претставува кривично дело

Еден од најискусните беглиски форензичари-антрополози, Вили Лајперт со години ги составувал распаднатите тела на луѓе непознати за него. Сепак 64-годишниот научник секогаш стравувал дека на масата пред него ќе се најде телото на некој што го познава

Виолета Бошковска- сопругата на лидерот на „Обединети за Македонија“ – Љубе Бошковски во интервју за НОВА говори за бруталното апсење на нејзиниот сопруг, за тоа каков бил третманот врз Бошковски понатаму во затворот, како и за очекувањата од пресудата во Стразбур

За тоа како ги уриваат стереотипите и не учат да бидеме подобри луѓе, за нивната љубов, за животот, за успесите,говорот во седиштето на ОН на Светскиот ден на Даунов синдром,во ПРОЦЕС зборуваат Алаксандар Матовски- Цако и Флоренс Гарет, ќерка на британскиот амбасадор во РМ и девојка на Цако и Марија Матовска негова сестра и активист за човекови права

Зошто Владимир Путин ја повлече војската од Сирија, како ќе се решава ситуацијата со Башар ал-Асад, што ќе се случува на европската политичка сцена по терористичките напади во Париз и Брисел, говори Борис Камчев, новинар и аналитичар

Опозицијата е финансиски исцрпена, одвнатре разјадена и кревка- секојдневно го плаќа данокот по неуморната битка на бранковистите и заевистите. Научната мисла или пак некој одважен политичар одамна требаше да напише томови за маестралното самоуништување, но сите се внимателни, победникот можеби ќе биде некој трет, а тој трет секогаш има слабост кон којзнае кого

Колку пари се трошат за избори и дали парите се пресудни за победа? Можеби не се решавачки фактор, но секако парите се еден од клучните за освојување гласови. Затоа трошењето во предизборните кампањи мора да биде транспарентно и под контрола. Во Македонија има правила, но никој не ги почитува

Белгискиот експерт и олеснувач во Пржинскиот процес Питер Ванхауте, за интервју за НОВА говори зошто повеќе нема преговори, за нападите кон него од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за улогата на обвинителката Катица Јанева и зошто е невозможно да има избори на 5 јуни

Европратениците Иво Вајгл и Едвард Кукан и амбасадорот Никола Димитров дебатираат за значењето и улогата на ЕУ во македонската политичка криза. Зошто последните пораки на меѓународната заедница во Македонија ги пренесува сам амбасадорот на САД? Дали ЕУ се повлече од Македонија?