Browsing: ВЕСТИ

Во светот има многу истражувања за да се утврди што тоа луѓето ги прави среќни. Некои велат дека таа многу е детерминирана од местото на живеење и парите. Во Македонија има и такви кои се и среќни и несреќни

Во Студио на НОВА, за борбата за еманципација и ослободување, како и прангите во кои се наоѓаат жените без разлика на нивната националност, за нивниот активизам низ годините, говорат Уранија Пировска извршна директорка на Хелсиншки комитет и Мерсиха Смаиловиќ од НВО Легис

Што носи инвестирањето во верски и етнички симболи во Македонија; политички поени или добробит за граѓаните: дали крстот и орелот се политички проекти чија цел е раздор помеѓу граѓаните

По седум години откако сексуалните работнички поднесоа тужба, Граѓанскиот суд утврди дека МВР ги повредила нивните права со нехуманото постапување во случајот „Сузбивање на уличната проституција. На оваа тема во ПРОЦЕС разговараме со Наташа Бошковска и Хајди Штерјова Симоновиќ, правни советнички во ХОПС

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска ја повика претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради конфликт на интереси

Границите се затворени, договорот со Турција не е активен а Грција алармира на можна хуманитарна криза доколку се блокира Балканската рута. Сите овие теми се предмет на разговор до 13.епизода на ТВ дебатата „Балканот во Европа“ под наслов „Невообичаени времиња за Европа – дали ЕУ може да ги надмине несогласувањата?“

Екс-министерот за надворешни работи на Унгарија, Ласло Ковач и поранешниот премиер на Бугарија, Сергеј Станишев апелираат за фер и демократски избори со легитимно избрана влада, како предуслов за напредување на членството на Македонија кон Европската Унија

По Полска и Унгарија, Хрватска е уште една членка на ЕУ која забразди во радикална десница, пишува американскиот весник, пристоа како пример го посочува министерот за култура Златко Хасанбеговиќ и неговата фамозна фотографија од 90 тите години во усташко одело

Антонио Лиманоски од Голо Брдо, Албанија кој пред 15 години дошол тука, во потрага по подобар живот, во ПРОЦЕС зборува како пред и за време на избори, агитирал и убедувал луѓе да гласаат за да победи ВМРО ДПМНЕ. Тој тврди дека и донел 5500 гласа на партијата, а тие не исполниле ништо од ветеното