Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Њујорк тајмс“: Фејсбук масовно дозволувал пристап до податоци на корисници

0
By Нова ТВ on December 20, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 20, 2018 11:31

Социјалната мрежа Фејсбук со години им дозволувала на најголемите светски технолошки компании пристап до личните податоци на корисниците и тоа значително повеќе отколку што кажуваат во јавност, објави „Њујорк тајмс“.

Според стотици страници податоци до кои дошол весникот, Фејсбук имал посебни договори со одредени компании. Социјалната мрежа постојано растела, добивала голем број корисници и се повеќе заработувала на реклами. Партнерските компании добиле карактеристики кои ги правеле поатрактивни, а корисниците на Фејсбук се поврзувале со пријатели преку разни сајтови и апликации.

Оваа социјална мрежа на тој начин стекнала неверојатен монопол над личните податоци на речиси 2, 2 милијади луѓе, а управувањето со нив не било транспарентно.

Фејсбук соработувал со други компании без разлика дали тие имале сајтови, апликации или пребарувачи, а од таа соработка сите имале некаква корист.

На пребарувачот на Мајкрософт, Бинг му било дозволено без одобрение на своите корисници да има увид во сите пријатели кои тој корисник ги има на Фејсбук. И Нетфликс и Спотифај можеле да ги читаат пораките на корисниците. Амазон добил дозвола од Фејсбук да доаѓа до податоците за корисниците конкретно до имињата и презимињата и информациите за тоа како да ги контактира и тоа преку нивните пријатели. Јаху можел да ги гледа објавите на пријателите на корисниците дури и ова лето и покрај нивните изјави во јавност дека престанале со оваа пракса уште на почетокот од годината.

За Фејсбук од март годинава се поврзуваат и повеќе скандали со приватни податоци на корисници кога беше откриено дека консултанската компанија Кембриџ аналитика искористила податоци за корисници за да помогне во претседателската кампања на Донал Трамп во 2016 година.

После признавањето за нарушување на довербата на корисниците Марк Закерберг во април ги уверуваше законодавците дека корисниците имаат целосна контрола врз се што објавуваат на Фејсбук.

Но документи и разговори со 50 поранешни вработени во Фејсбук и нивните корпоративни партнери го доведуваат во прашање и тоа дали Фејсбук ги избегнал одредбите од договорот кој го склучил со американската Федерална трговска комисија во 2011 година според кој им било забрането делење на податоци на корисници без нивна согласност.

Документите опишуваат како повеќе од 150 компании профитирале од работењето со Фејсбук, вклучуајќи и една која се занимава со онлајн продажба, како и сајт за забавни вести но и компании кои се занимаваат со производство на автомобили и медиумски организации.

Најстарата зделка која Фејсбук ја склучил со една од таквите компании е од 2010 година а сите биле активни во 2017 година. Некои од нив биле активни и годинава. Извршните директори на Фејсбук признаа дека минатата година имале грешки во постапувањето.

Фејсбук никогаш не ги продавал податоците на своите корисници.Компанијата склучувала партнерства за податоците на корисниците од своите почетоци и ја ширела базата на податоци на своите корисници.

До 2013 година биле склучени толку многу такви партнерства што вработените од средните нивоа неможеле ни да ги следат, пишува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на разговори со поранешни вработени. Затоа програмирале алатка која им помагала да вклучат или исклучат посебен пристап на партнерите. Во исто време таа алатка ги регистрирала и таканаречените привилегии кои им овозможувале на партнерите да собираат податоци. Во некои случаи на партнерите не им требала ниту дозвола за тоа.

Една опција била претставена во 2008 година а таа постои и денес. На многу корисници им била вознемирувачка затоа што се прашувале какви сознанија има Фејсбук за нивните контакти во вистинскиот свет.

Американскиот весник открива дека Гизмодо и другите медиуми пишувале за случаи кога оваа опција на корисниците им предлагала да се спријателат со луѓе кои одат кај истиот доктор или се членови на семејство со кои не се блиски, но дури и на лицата кои биле злоставувани им предлагала да се поврзат со своите злоставувачи.

Фејсбук користел попис на контакти од своите партнерски компании Амазон, Јаху и Хуавеј за да добие подобар убид во врските меѓу луѓето за да им предложи на нивната платформа да се поврзат со што повеќе корисници.

„Њујорк тајмс“ пишува дека Сони, Мајкрософт, Амазон и други компании уште во 2017 можеле да дојдат до адресите за електронска пошта на корисниците преку нивните пријатели на Фејсбук.

Освен тоа Фејсбук на Спотифај, Нетфликс и канадската Ројал банка им дозволил да читаат, пишуваат и бришат приватни пораки на корисниците. Спотифај месечно можел да види пораки на преку 70 милиони корисници а таа апликација се уште нуди опција за објавување на музика преку Фејсбук месинџер.

Податоците на популарната социјална мрежа покажаа дека компанијата имала договори за делење на податоци со повеќе од 60 произведувачи на мобилни телефони, таблети и други апарати. Фејсбук тогаш му овозможи на Епл од сите корисници да скрие дека нивните апарати ги бараат нивните податоци. Апаратите на Епл на тој начин можеле да пристапат до контактите и календарот иако било исклучено делење на какви било податоци.

Од Епл порачаа дека не биле свесни оти Фејсбук дал таков пристап до нивните апарати, дека сите собрани податоци останувале само на нивните апарати и дека не биле поделени на друго место.

Одговори за заштита на податоците на корисниците  годинава се бараат од Европа до САД. Како резултат на тоа акциите на Фејсбук паднаа, група акционери побара од Закерберг да си замине од функцијата. Лути корисници, пак, покренаа движење под хаштаг #Deletefacebook, потсети американскиот весник.

Њујорк Тајмс податоци Фејсбук фирми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.