Browsing: ВЕСТИ

Загрижувачки пораст на случаи каде граѓани биле тепани и малтретирани од полициски службеници, односно Алфи. Во последниот извештај на секторот за Внатрешна контрола на МВР има околу 1600 пријавени случаи за употреба на сила од оние кои што треба да го чуваат редот и мирот

Германскиот канцелар Ангела Меркел веќе четврта година е прва на листата на Forbes за највлијателни жени во светот. За прв пат на листата на второто место се најде шефот на Федералните резерви на САД Џенет Јелен

Екстерното ипитување внесе забуна и немир како кај учениците така и кај настаниот кадар. За начинот на кои се спроведува овој процес, неговата смисла и ефектите од него- Борјан Јовановски разговара со професорката Наде Молеровиќ

Според последните вести кои доаѓаат од неформалната вечера на шефовите на ЕУ во Брисел, Јункер е на најдобар пат да го замени Баросо. Доколку тој стане претседател на ЕК, за Мартин Шулц најверојатно ќе биде резервирано местото за потпретседател за економска и монетарна политика.

Проф. Петар Муличковски и проф. Мирослав Грчев дебатираат за причините зошто не се гради соодветна инфраструктура во Скопје, како заштита од поплави и други непогоди, за одлуките на власта да се трошат парите на граѓаните за Скопје 2014 наместо за нивните потреби, дали власта е во служба на народот?

Рускиот претседател Владимир Путин на 23 мај рече дека Москва ќе го “почитува” исходот од изборите, но тој исто така изјави дека Украина западна во она што тој го опиша како “хаос и голема граѓанска војна.”

На кој начин ќе стигнува хуманитарната помош до настраданите од поплавите,. За случаите на препродавање на помошта во загрозените подрачја, како и за критиките до Владата кои се однесуваат на Законот за данокот што во вакви случаи оди во буџетот, наместо таму каде што е неопходен

Во интерју за НОВА, поранешната премиерка на Хрватска Јадранка Косор зборува за начинот на кој се дојде до решение на хрватско словенечкиот спор за границитe. Јадранка Косор и нејзиниот словенечки колега Пахор се потписници на билатералниот договор со кој двете држави успеаа да најдат излез од кризата во меѓусебните односи

Во своите јавни настапи, премиерот Ердоган ја губи самоконтролата потребна за вршење на неговата функција. Протестите против него сѐ се посилни, но сепак тој ќе биде избран за претседател, смета Баха Гингер