Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Шпигел“ анализа: Зошто Меркел оди само до „половина пат“?

0
By Нова ТВ on November 10, 2018 ВЕСТИ
Фото: bbc.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 10, 2018 10:47

Германската канцеларка Ангела Меркел неодамна најави дека ќе се повлече од лидерската функција во Демохристијанската унија (ЦДУ), но дека ќе остане канцелар.

„Оваа одлука не е доволна“, пишува германскиот весник Шпигел.

По 18 години минати на чело на ЦДУ, Меркел се повлекува и тоа е добар потег, но зошто оди само до половина пат? – Зошто инсистира да остане канцеларка уште три години?, се наведува во текстот објавен во германскиот весник.

Кога одлучи уште еднаш да се кандидира за функцијата канцеларка во 2017 година изгледаше уморно и рамнодушно, но нејзините приврзаници се надеваа дека би можела да му биде противтежа на Доналд Трамп и вистински лидер на либералната демократија ширум светот.

Се надеваа дека заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, ќе може да ја помести Европа од патеката по која тогаш се движела.

„И не успеа во тоа. Не само што таа повеќе не игра важна улога во меѓународната политика и во Европа туку е дел и од поголем проблем – поделба меѓу северот и југот, истокот и западот, се додава во текстот на Шпигел.

Владите кои ги предводеше завршија добра работа во водење на Германија низ светската финансиска криза. Најголемото дело, како што се наведува, хуманитарната политика искажана во односот кон бегалците е воедно и нејзин најголем неуспех и тоа поради фактот дека таа не ја подготвила ниту објаснила таквата политика иако многу однапред знаела дека во Германија ќе пристигнат многу бегалци. Кога ќе заврши оваа година, Меркел ќе биде слаб канцелар, како во земјата така и на меѓународно ниво. Без челна позиција во партијата ќе биде уште послаб канцелар.

Треба да се нагласи дека еден од кандидатите за нејзина замена на лидерската позиција во партијата е Фридрих Мерц, човекот на кого токму таа му ја одзеде улогата на лидер на конзервативната група во Парламентот. Две години оттогаш тој ја напушти политиката, па не е тешко да се заклучи дека неговата сегашна кандидатура со голем дел е поттикната од желбата за одмазда, пишува германскиот весник.

Истото важи и за актуелниот министер за здравство, Јенс Шпан, уште еден кандидат за лидерската позиција во ЦДУ. Тој е познат како еден од најгласните критичари на Меркел внатре во партијата и како голем противник на нејзината политика кон бегалците.

Канцеларите со „стаж“ често мислат дека останатите сè уште не се способни да ги заменат. Кога Меркел беше првпат избрана за канцеларка, многумина мислеа дека и таа не е дорасната за таква функција. Меѓутоа, во следните години таа покажа дека погрешиле.

„И покрај се што направи за Германија, на земјата повеќе не ` е потребна. Таа не е лидер на иднината, заклучува Шпигел.

За нејзина наследничка се кандидира и Анегрет Крамп-Каренбауер, генерална секретарка на партијата, која влегува во трка за најмоќното партиско место во Германија со двајцата силни противници на досегашната партиска политика, а кои уживаат поддршка од мнозинството, пишува „Дојче веле“.

Во текстот под наслов „Дали „малата Меркел“ е потценета?“ се наведува дека не е случајно што Крамп-Каренбауер често ја опишуваат како „малата Меркел“. Тие две се многу блиски. Со Ангела Меркел, како што се наведува, ја поврзуваат многу лични случувања. Неа треба да ` се заблагодари за многу работи, но сепак самоуверено тврди „Јас сум независна. Сега е важно да се отвори ново поглавје со нов стил и нова сила“.

Дојче веле тврди дека на Крамп-Каренбауер сепак нема да ` биде лесно.

„Тоа ме поттикнува“, одговори Крамп-Каренбауер на прашањето дали е потценета во разговор со авторката која ја подготвува нејзината биографија.

Книгата насловена како „Можам, имам желба и сакам“ јасно ги открива нејзините амбиции, наведува „Дојче веле“.

Таа гласно упати и мала критика на сметка на Меркел: досегашното владеење на т.н. голема коалиција го опиша како „железно време“. Меѓутоа, кога станува збор за политичките теми, таа засега речиси воопшто не отстапува од линиите кои ги зацртала Ангела Меркел.

анализа Ангела Меркел Германија Шпигел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.