Browsing: ВЕСТИ

Интервју на Зоран Заев, лидерот на СДСМ: За предлогот на Црвенковски да стане лидер Пендаровски, за начинот како ќе делуваат странците во политичката криза, вели дека повторно ќе вадат криминални афери на власта

Јавниот обвинител на Техеран денеска го забрани иранскиот дневен весник Ганоон(Закон), поради „ширење лаги“. Забраната важи „додека не се донесе нова одлука“. Ова е трет забранет весник во Иран во последните неколку месеци

Проф. Љубомир Фрчкоски: Што понатаму со вратените пратенички мандати на опозицијата, улогата на странците во разрешување на кризата, за опасностите од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и спиновите за поделбите во СДСМ, како одвратување од вистинските проблеми во државата

Беа најавени како австриски инвеститори, но документите покажуваат нешто друго – и швајцарци со тајно сопствеништво ќе прават австриско казино во Македонија. НОВА сторија – кој стои зад новата државна видео лотарија

Американскиот одговор се` повеќе станува горливо прашање во Вашингтон, Белата куќа изрази „екстремна загриженост“ за влошувањето на ситуацијата на југот на Украина

Mohamed Fahmy ја доби наградата за Слобода на медиумите, 16-та по ред на Канадскиот комитет на слобода на медиумите. Во знак на одбележување на 3-ти мај , денот на Слобода на медиумите тројцата затворени новинари испратија отворени писма за да се заблагодарат за досегашната подршка и повикуваат на нивно ослободување

По судирите помеѓу украинските безбедносни сили и про-руските активисти во Славјанск, немирите се проширија и во Одеса, каде околу 1.500 радикални приврзаници на киевските власти и навивачи на локален фудбалски клуб се судриле на плоштадот во центарот на градот

Јасмина Поповиќ, заменик-претседателка на меѓународната федерација и Тамара Чаусидис, синдикална лидерка на новинарите: За тоа дека новинарите не ги бараат правата во Синдикатот, критиките на ОБСЕ кон јавниот сервис но и приватните медиуми и нивниот допринос за нефер изборите

Емисијата ПРОЦЕС го анализира случајот на Слободанка Петровска која не може да си ги оствари своите граѓански права бидејќи на име на нејзината фирма која е ликвидирана уште пред 10 години, се уште пристигнуваат сметки за радио-дифузна такса

Полицијата во Северна Ирска го притвори лидерот на Шин Фејн, Џери Адамс заради сомневање дека бил вмешан во киднапирање и убиство на жена од Белфаст, извршено во 1972 година од страна на ИРА, додека тој тврди дека е невин

Во Турција веќе имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите. Турската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги спречи демонстрантите да пристигнат на плоштадот Таксим бидејќи властите забранија митинзи за Први мај.Aктивистите се заканија дека нема да ги почитуваат владините забрани за демонстрации.