Browsing: ВЕСТИ

Гласач со презиме Јашари се појавил на избирачко место во ромското маало во Кочани со седум лични карти во себе и избирачкиот одбор му дозволил да гласа, информираат од невладината Цивил на прес конференцијата која се одржа во 18 часот попладнево

Политички партии обвинуваат дека активисти на други партии речиси на секое избирачко место во Струга и населените места со списоци во рака исто како што беше и во првиот изборен круг забележувале кој оди на гласање, само што сега многу поорганизирано од порано

Огромни нерегуларности и бројни злоупотреби го одбележуваат гласањето за парламентарните извори и вториот круг од претседателските избори, обвини опозициска партија на прес конференција која се одржа попладнево

До овие моменти, изборниот процес во Дебар се одвива во мирна атмосфера без инциденти. До 13:00 часот за претдатските избори гласаа 11% а 17,5%, за парламентарните. Споредено со изборите одражани на 13 Април бројот  на избирачи се зголеми за 4% односно 7%

Наљудувачите на невладината организација „Цивил“ денеска забележаа гласачи од албанското село Пустец на неколку избирачки места во Скопје и земјава. Фотографиите се од скопската населба Аеодром каде што Пустечани биле организирано во комбе носени да гласаат

Од досегашните 153 пријави кои пристигнале до невладината „Цивил“, најчести се проблемите со избирачкиот список, незаконското однесување на членови на избирачките одбори, семејно и групно гласање, партиски активизам и обиди за поткуп на гласачите

Семејно гласање, поткуп на гласачи за 500 денари по глас, организиран превоз на гласачи и нерегуларности во избирачкиот список се само дел од забелешките на невладината Цивил констатирани до 12 часот