Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ВЕСТИ
Според Ибраими екстраваганцијата и луксузот на куќите на функционерите на ДУИ е уште еден доказ за корупцијата. Во исто време неколку метри подалеку од милионската куќа на Џафери обичниот народ живее во беда и едвај се бори за опстанок
Очекуваме дека СДСМ во кампањата може ќе ги искористи и Мадам Пепи и Бајруш Сејдиу за да го оцрни ВМРО ДПМНЕ, изјави Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ отфрлајќи ги како нерелеванти обвинувањата кои на сметка на оваа политичка партија ги изнесе Загорец Тумбовски во интервју за Телма
Станува збор за вкупно 56 илјади квадратни метри на недвижен имот или 80 проценти вкупно од јавната сопственост во Тетово, која е приватизирана од страна на челникот на ДПА, Мендух Тачи, за време на првото коалицирање на оваа партија во првата влада на ВМРО-ДПМНЕ, велат во ДУИ
Пред прилепчани зборуваше и кандидатот за претседател Стево Пендаровски кој кон на гласачите Албанци им порача дека со евентуален бојкот, им даваат мандат Иванов и Груевски
Донирани беа околу 3000 наслови. Книгите ги подарија жените на Граѓанската опција за Македонија. Донаторската акција беше подржана од кандидатите за пратеници на Коалицијата ГРОМ
Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во Кичево и Ресен ги презентираше мерките од програмата на СДСМ кои ќе ги вратат парите назад кон граѓаните, кои ќе обезбедат враќање на ДДВ, зголемување на минималната плата и подобар стандард
– За жал, за разлика од македонскиот политички блок, во албанскиот политички блок, ДУИ немаше достоен конкурент кој ќе одговори на моментот и контекстот во кој се наоѓа државата, рече денеска пред новинарите Бујар Османи од ДУИ
На средбите со граѓаните од општина Кисела Вода, Иванов им се заблагодарил за поддршката во првиот круг од претседателските избори и повикал на масовна излезност во вториот круг, информираат од ВМРО ДПМНЕ
НДП го утврди документираното учестово преку фотографии на началникот од секторот за внатрешни работи во Тетово, Фаредин Зенуни, во предизборната капмања на ДУИ, спротивно од законот
Државната изборна комисија донесе посебно Упатство за гласање на Претседателските и на предвремените Парламентарни избори на 27. април 2014 година во кое е прецизирано дека обележувањето на гласачите со маркер ќе се врши на палецот од левата рака
Една недела откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го објави мега-скандалот од 1,5 милион евра кеш -Обвинителството молчи, судството молчи провладините медиуми молчат, МТВ молчи. Тоа е уште една потврда дека за време на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ завладеа институционален и медиумски мрак
Единствено во оваа општина имаме победа над Пендаровски со пет спрема еден. Се надевам дека и во вториот круг ќе ја имам вашата подршка“, изјави Иванов на изборен митинг во Шутка