Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски од Штип: Македонија е во опасност

0
By Нова ТВ on September 16, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 16, 2018 16:52

Македонска опозиција денеска одржа марш во Штип.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на самиот почеток на својот говор се поклони на луѓето кои како што рече ја следат каузата за Република Македонија.

-Ми велат никогаш не треба лидерот и претседателот, неговите следбеници и следбениците на идејата да го видат на колена. Но јас имам еден одговор на тоа: Ако претседателот и лидерот не клекне пред луѓето кои што ја следат каузата и идејата за Република Македонија и за независна Република Македонија тогаш не ја заслужува нивната доверба, рече Мицкоски.

Смета дека првиот претседател Киро Глигоров и првиот премиер на Република Македонија Никола Кљусев во деведестите години не го прифатија тоа што го бара јужниот сосед, зошто како што, вел,и не дозволија да бидеме понижени.

– А денес има политичар кој го прави тоа. Го имаме Заев и неговата владина свита. Човек и луѓе кои немаат никаков проблем да зборуваат колку го почитуваат минатото, додека мртви-ладни на дело формираат комисија која ќе ни ја ревидира историјата, како обврска која тие си ја преземале во име на сите нас, иако никој не им го дал тоа право. И уште поважно, спроведуваат одредба од договор што Заев и Димитров сами си го потпишаа и најважно од се – спроведуваат одредба од договор кој воопшто не е стапен на сила! Кога ќе ги прашаат, изговорот им е дека историјата мора да се потчини на политиката, како влог во подобро утре. Некако ми се чини дека ова подобро утре на Заев и СДСМ бара премногу влогови. Затоа што не им е првпат, рече Мицкоски.

Смета дека Македонија со СДСМ и Заев ита кон бездната, а отворено го повика и на телевизиска дебата, на која директоно ќе му одговори што мисли за апстиненција.

-Ти прифати Заев јас веднаш ќе ти кажам што мислам, ама ќе треба и да одговориш за наведнатата кичма, за губењето на идентитетот, за одземеното достоинство на народот, за наместените тендери, за криминалот кој го правиш на дневно ниво и зошто нема никаква санкција за тоа. Излези Заев охрабри се, еднаш речи не на твоите советници, Спасовски ли, Шекеринска ли се викаат, нека те пуштат на дебата да збориме за капитулацијата со која сакаш да ја понижиш Македонија, порача Мицкоски.

Македонија е во опасност, а кога СДСМ е на власт Македонија ја има се помалку, смета Мицкоски, а опасноста доаѓа, вели, од незнаење, неспособност и криминогеноста на врхушката на власт.

– Под плаштот на европската иднина на државата се спроведува пљачката на векот и се злопуотребува силната желба на македонскиот народ за европските стандарди, просперитет и сигуност на државата, порача Мицкоски од Штип.

Прво, рече, еве, за нив, не за вас, зошто знам дека на вас се ви е јасно, за нив ќе повторам уште еднаш, наједноставно што можам.

– ВМРО-ДПМНЕ, почитувајќи ги своите вредности на индивидуална слобода и демократско поведение одлучи да остави на граѓаните на оваа држава да постапат на 30 септември по своја слободна воља и убедување! Тоа значи, дека ние нема да наметнуваме партиска агенда, туку ќе учествуваме во дебатата исклучиво презентирајќи факти и аргументи кои сме длабоко убедени дека се на наша страна, додаде Мицкоски.

Лидерот на македонската опозиција најави дека на секој граѓанин ќе се обидат да му го објаснат штетните последици од Договорот со Грција.

– Ова ќе го направиме затоа што сметаме дека за национално прашање, како што е менување на името на државата мора да одлучува нацијата. Улогата на партиите во овој случај е да му ги објаснат на народот фактите и последиците, добрите и лошите страни… Во тој процес, партиите имаат должност да ги презентираат фактите такви какви што се и имаат уште поголема обврска да не спинуваат вакви суштински прашања зашто луѓето мораат да знаат. Македонската нација мора да знае, и сите нејзини составни делови, не само Македонците, мораат да знаат какви последици повлекуваат сите можни одговори на овој референдум, рече Мицкоски.

Овој референдум, посочи, иако намерно збунувачки срочен, не е изјаснување дали сакаме во ЕУ или во НАТО, туку е референдум за тоа дали прифаќате да се промени името на земјата и дали ги прифаќате сите последици што произлегуваат од договорот.

Тој додаде дека секој македонски граѓанин мора да знае дека не гласа за европски вредности затоа што ова е референдум на кој се одлучува дали го прифаќате или не го прифаќате Договорот од Нивици и ништо друго!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија им порача на 30 септември да го слушаат срцето и да постапат како што им вели разумот.

марш Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.