Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ВЕСТИ
За односот на ДУИ кон новоизбраниот претседател, Ахмети изјави дека „тој ќе биде едностран претседател и претседател на една заедница, а нема да биде претседател избран со гласовите на втората најголема заедница во земјата – Албанците“
Државната изборна комисија- кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов води со добиени 449.068 гласови или 51,67%, втор е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 326.133 гласови (37,52%), Илијаз Халими од ДПА има 38.966 (4,48%), а Зоран Поповски од ГРОМ 31.366 гласови (3,61%)
Наредните денови сите ќе дознаат кој е главен креатор на криминалите во државата поради коишто пати нашиот народ, објави лидерот на СДСМ
Факт е дека вчера, волјата на народот во Македонија за промени беше брутално угушена. Но, не се предаваме и не попуштаме, рече Васко Ковачевски, носител на пратеничката листа за Изборната единица 5
Европската комисија ќе го чека вториот круг од изборите за претседател на Република Македонија, како и оценката на ОБСЕ/ОДИХР, за официјално да го каже својот став за претседателските избори во нашата земја
– Сепак, фактот што видливото мастило лесно се отстрануваше, беше причина за поголем број издржани реакции од страна на јавноста и гласачите. Ваквата појава несомнено имаше влијание врз довербата на гласачите во изборниот процес, вели извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов
Во врска со случајот на Амди Бајрам и неговиот син-градоначалникот на Шуто Оризари и Радмила Шекеринска, Јанкулоска рече дека МВР ги проверила информациите од двете посочени страни, по што се покажало дека нивните тврдења биле спротивни
Истече рокот на украинската влада за про-руските демонстранти, кои требаше да се откажат од оружјето и да ги напуштат зградите на градските управи; Претседателот Олександар Турчинов вели демонстрантите ќе се соочат со „целосна анти-терористичка операција“
Според податоците на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов води со добиени 448.304 гласови или 51,64%, втор е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 326.069 гласови (37,56%)
Во изминатиот период бевме сведоци на масовна поддршка на опозицијата и нашиот кандидат за претседател на државата. ВМРО-ДПМНЕ исплашена од губењето на власта, преку системска кражба на гласови во деновите пред и на денот на изборите ја спречи волјата на граѓаните
-Со овој резултат граѓаните најавија што ќе се случи на 27. Добивање двојна победа и добивање на 62 мандати, изјави Иванов, идентично барање за освојување на Парламентот, како и на Груевски
Сакам да порачам дека борбата не е завршена. Уверен сум дека и во вакви услови на систематски притисок, закани и уцени, можеме да дојдеме до победа на 27-ми