Browsing: ВЕСТИ
Еден од најпознатите економски аналитичари во светот, Томас Пикети, во однос на грчката финансиска ситуација, на Германија и Франција им порачува дека историјата покажала дека враќањето на долговите на една земја може да биде изведено на неколку начини, а не само еден, како што тие и наметнуваат на Грција
Народниот правобранител Иџет Мемети вели дека не постојат институции во државата кои сериозно ќе ги примат забелешките од Стејт департментот, како и од другите домашни и меѓународни организации. Мемети во ПРОЦЕС зборува како наидува на sид од страна на власта по однос на сите укажувања
Во студиото на НОВА своите ставови по извештајот на Прибе и иднината на евроинтеграциските процеси во Македонија ги судираат вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и Лидија Димова од СДСМ
А во меѓувреме, Груевски мртов сериозен преговара, кобајаги страшно заинтересиран, загрижен за демократијата, па седнал и ги рецитира пред странците реформските зафати на Владата, кои се разбира дека ќе ги спроведе, тој уште вчера почнал, ги убедува, што сте такви скиснати, ги прашува загрижено, да не е Заев во прашање, јас секако не сум
Во меѓувреме, Државниот совет, највисокиот административен суд на Грција, денеска се очекува да одлучи по жалбата на двајца приватни граѓани коишто од судот бараат референдумот во недела да го прогласи за нелегален
Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж побарал азил од Франција, но претседателот Франсоа Оланд и официјално го одбил, пренесуваат светските агенции
УНХЦР бара унгарската влада да не брза со процесот на донесување измени, без претходно да се консултира со граѓанското општество и УНХЦР за последиците кои можат да настанат
Дали Груевски ќе се откаже од премиерската функција или Заев ќе попушти, кој би ги спроведувал реформите и дали постои капацитет за нивно имплементирање се дел до темите за кои дебатираат Замир Мехмети граѓански активист и Петар Арсовски ПР експерт и политички аналитичар во студио на НОВА
Ребека Хармс, претседател на политичката група на Зелените, германска политичарка која се наоѓа на црниот список на Москва со забрана за влез во Русија, вели дека е штета е истрагата за Куманово не напредува. Исто така не е добро што аферата со снимањето и она што се слуша во «бомбите» не е тема во ЕУ. Европа, вели таа, неодговорно се однесува кон Македонија
До полноќ истекува рокот во кој Грција треба да уплати 1,6 милијарди евра во ММФ, пред кризата да дојде на самата ивица, а последните информации, како што пишуваат странските медиуми, велат дека е можен договор во “5 до 12“
Родители бараат еднакво, споделено старателство врз децата по разводот, во однос 50-50, а државата да не биде соучесник во неодговорното родителство со тоа што најчесто одредува „викенд –татковство“. Можен ли е ваков модел на старателство кај нас и кој е неговиот концепт? Во ПРОЦЕС зборуваат Горан Стоев од Иницијативата за промена на Законот за семејство и Драги Змијанац директор на Првата детска амбасада Меѓаши
По веста вчера дека американскиот Врховен суд донесе одлука истополовите бракови се легални во сите 50 држави на САД, Белата куќа ја промени својата слика на својот Фејсбук профил.
