Почна седницата на Извршниот и на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на кои партијата одлучува дали пратениците ќе се вратат во Собранието.

„Сметам дека Извршниот Комитет вечерва ќе донесе вистинска одлука и за граѓаните и за Република Македонија во насока на ЕУ и НАТО интеграцијата. Мое мислење е дека местото на опозицијата е во парламентот и очекувам да се донесе разумна одлука во вистински правец“ рече Костадин Богданов член на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

И пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова пред почетокот на седницата на ИК рече дека нејзин став е дека пратениците треба да се вратат во Собранието.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија работата на Собранието откако шест пратеници од нивната колаиција беа притворени за настаните од 27 април.