Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ се враќаат во Собранието

1
By Нова ТВ on April 1, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 1, 2018 22:28

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ вечерва одлучи пратениците да се вратат во Собранието, потврди претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Веднаш по враќањето во Собранието, ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за работата на Владата.

„Оваа владата е најнеспособна од независноста на Македонија. Криминалот и корупцијата станаа заштитен белег на оваа Влада и мора да си одат. На надворешен план водат штетна политика  без резултати, а на внатрешен план – политика без концепт и сериозна идеја“ рече Мицкоски.

Мицкоски потврди дека при крај се преговорите со СДСМ за реформските закони и биле прифатени нивните забелешки. За  договорот да биде спроведен, како што е усогласен ВМРО ДПМНЕ ќе бара писмена гаранција и ќе ја следи имплементацијата на овие закони со активно учество во Собранието.

“Првиот чекор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде покренување на прашање за гласање на недоверба на владата, затоа што од она што досега видовме се работи за влада со изгубен кредибилитет, влада која не работи за граѓаните и ја турка државата во амбис. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во детали ќе изложат аргументи зошто оваа антинародна и антидржана влада треба што поскоро да замине”, изјави Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ ја напушти работата на Собранието, откако шест нивни пратеници беа приведени поради настаните од 27 април.

Со одлука на Врховниот суд, од притвор беа пуштени и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски. Тие се во домашен притвор. Во домашен притвор е и пратеникот Љубен Арнаудов. Другите пратеници можат да се вратат во работата на Собранието – за Жаклина Пешевска, обвинителството ја прекина постапката, а на Јохан Трчуловски и Љупчо Димовски им се одредени мерки на претпазливост.

 

ВМРО-ДПМНЕ пратеници Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.