Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ВЕСТИ
Новинарката Бранкица Станковиќ, која што ја водеше емисијата „Инсајдер“, за „Ал Џезеира“ раскажа како се чувствувала кога и било речено дека е купена снајперска пушка со која треба да биде убиена
Дарко Лешоски кој неодамна ја објави неговата прва збирка песни со наслов „Дете од лоша фамилија“, со неговата поезија покрена лавина реакции на социјалните мрежи. Од љубов до омраза.
„Никој не се родил мразејќи ги другите поради нивната боја на кожа, поради нивното минато, или нивната религија. Луѓето учат како да мразат, и ако можат да научат како да мразат, можат да бидат научени и како да сакаат, бидејќи љубовта доаѓа природно преку човековото срце а не обратно“, ова се зборовите на Таткото на Африка
1964 година Налсон Мандела беше осуден на доживотен затвор поради неговата борба против апархејдот. Слушнете го неговиот говор пред судиите во кој тој одговара на обвинувањата покренати против него.
Една украинска телевизија објави снимка на која се гледа како полицијата брутално ги тепа демонстрантите. Снимката е направена минатата недела во една од улиците на Киев, а беше објавена вчера. На неа се гледа како полицијаците ги тепаат демонстрантите со пендреци и ги шутираат додека лежат на земја
Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст на Македонија денеска ќе го одбележат 5 Декември – Светскиот ден на волонтерството
Бубо Каров во интервју за НОВА зборува за загубените надежи, наивноста, врската со политичарите, смртта на Никола Младенов и за стравот на граѓанството. Со Бубо Каров разговара Борјан Јовановски
РИА Новости ги праша руските политиколози што можат да донесат политичките судири во Украина, што можат да преземат властите и што ќе се случи со земјата откако Киев го запре процесот на евроинтеграциите и откако опозицијата како одговор покрена бран масовни демонстрации ширум земјата
Денеска беше одбиено барањето на опозицијата да се гласа за доверба на Владата во Украина, бидејќи опозицијата собра 186 гласови наместо потребните 226; премиерот Азаров вети дека ќе ја реконструира Владата и се извини за бруталната акција на полицијата над демонстрантите
Меѓу турскиот конзервативен премиер Ердоган и неговите лаицистички противници изби нов спор. Владата не само што дозволи носење шамија во парламентот, туку е и против живеење на двојки без склучен брак – Видео на Дојче Веле
Најистакнат противник на планот за Источното партнерство е рускиот претседател Владимир Путин, тој веќе успеа да ја убеди Ерменија да се приклучи во неговата Царинска унија
НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум (МОФ) во 12:00 часот, во фоајето на Младинскиот културен центар (МКЦ), во Скопје, ќе организираат завршен мултимедијален настан на проектот „Млади промотори на слободата на изразување“.