Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Александар Велики не е дел од нашата историја

0
By Нова ТВ on February 11, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 11, 2018 16:30

„Александар Велики никогаш не бил дел од нашата регуларна историја“ е насловот на интервјуто на скопскиот градоначалник Петре Шилегов дадено за грчкиот весник „Документо“ за време на неговата посета на Атина.

– Кога сакаш да решиш еден проблем, го решаваш. Кога не сакаш, не го решаваш. Она што го гледам во овој момент е дека меѓу двете влади постои едно расположение, намера да се реши проблемот, вели Шилегов.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во интервјуто Шилегов говори за проблемот што Грција го има со нашето уставно име, за направените промени во Уставот, за Александар Велики, но и за соработката меѓу двата главни градови. И вели дека Александар Велики не бил ден од нашата регуларна историја и бил вклучен во последните 10 години.

На прашањето за евентуалните уставни промени што Грција ги бара од нас, скопскиот градоначалник објаснува дека постои член во Уставот според кој Македонија нема територијални претензии од соседните земји.

– За конкретното прашање го променивме нашиот Устав во 1992. Во нашиот Устав не постои член што поддржува такво нешто за ниту една земја. Секако, постои член во нашиот Устав што вели дека немаме територијални претензии од соседните земји. Затоа ова не треба да биде закана за никој во Грција, вели скопскиот градоначалник.

Шилегов одбива да ги коментира македонските позиции во разговорите за името, бидејќи вели дека било каква политичка изјава може да му наштети на процесот.

– Процесот што е во тек меѓу владите се наоѓа на средина. Така што во овој момент било каква изјава за прашањето, особено од политичари – дури и моето лично мислење бидејќи сум потпретседател на Социјалдемократската партија, може да нанесе штета. Подобро е да им помагаш на луѓето што преговараат, што се вклучени во процесот, да ги охрабруваш да го решат, вели тој.

 

Александар Велики Атина Грција Документо Македонија Петре Шилегов спор со името Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.