Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ВЕСТИ
Амбасадорот Ристо Никовски одговара на прашањата зошто македонските власти не успеваат да создадат пријател од Грција, дали парите за антиквизацијата и Скопје 2014 се поважни од достинствен стандард на граѓаните?
Пајтон њуз: Султанот Сулејман добива абер од пашата Груевски дека пак сака избори. Величенствениот одобрува кредит од уште некоја лира за Македонија да може си го реизбере пашата
Десетина Козаци со камшици ги тепале членките на бендот „Пуси Рајот“ со цел да го спречат нивниот перформанс во центарот на Сочи за време на Зимските олимписки игри
Интервју со Дејвид Ливингстон од Европскиот совет за надворешни работи. Тој зборува за причините на кризата и можниот излез. „Реално оваа криза врие од есента 2010 година. Јанукович можеби беше избран на фер избори, но кога доби поголема моќ со Уставот во октомври 2010, ја употреби моќта да се збогати тој и неговите пријатели, и проблемот беше на повидок уште од тогаш“
ЛГБТИ Центарот за поддршка заедно со Хелсиншкиот Комитет за човекови права се преместени на нова локација, посилни и уште повеќе посветени на менувањето на социјалниот и правниот статус на ЛГБТИ луѓето во нашето општество
НОВА стартува со нова рубрика „Пајтон њуз“: Сатирични видео-монтажи. Прилозите и настаните се измислени и служат за духовито коментирање на стварноста
“Ова што се случува во Украина не е револуција, не е конфликт, не е граѓанска војна. Ова е војна на Јанукович против неговиот народ”, рече пејачката Руслана во Брисел додавајќи дека денес оди во Киев каде ќе почне штрајк со глад доколку ЕУ не воведе санкции.
Лилјана Георгиевска и Зоран Петрушевиќ, стечајци: За полициското тепање со клоци и тупаници, бараат одговор од надлежните, за тоа дека има пари за панорамско тркало и барок, но не и за нив, зар немаме право на живот, велат, најавуваат социјални немири поголеми од Босна и Украина
Според последното истражување, 79% од студентите никогаш не гласале на студентски избори. За 51% членувањето во студентска организација е можност за запознавање нови луѓе. Најголемите лоцирани проблеми се носењето одлуки без консултации со студентите кои ги претставуваат
Извештајот што го изработи Комисијата на ОН, креирана во мај 2013 година во Женева, вели дека “стотици илјади политички затвореници умреле во логори во последните 50 години”. Тие се елиминирани преку намерно спроведени гладувања, присилна работа, егзекуции, торура, насилни абортуси и убивање на деца
Во својата партија, најавувајќи ги реформите, Ренци рече дека Италија мора да “смени и хоризонт и ритам” и да излезе од “мочуриштето” без да даде детали за тоа каде ќе најде пари за оживување на економијата, ублажување на даночниот товар врз претпријатијата и ниту пак за борбата против невработеноста.
Европската комисија одлучи да ги суспендира преговорите за учество на Швајцарија во Европската истражувачка програма Хоризонт 2020 во Еразмус програмата за студентска размена откако Берн одлучи да не го потпише Протоколот кон Спогодбата за слободно движење на лица