Browsing: ВЕСТИ

Емица Ниами- Налбантиќ: Драматичната ситуација во Босна остава отворено прашање- дали протестите ќе се прелеат во регионот? Корупцијата, нефункционалноста на институциите, злоупотребите на власта се детектирани во останатите земји на Балканот

Краткиот филм против сиромаштија е изработен во соработка со ФДУ, од монолози според вистински искази од граѓаните вклучени во фокус групното истражување за одредување на индикаторите на Минимален достоинствен приход

„Ова е најниско досега во руските разузнавачки методи во смисла на публицитет, објавување. Тие активно го промовираат, поставуваат, шират преку Твитер, и ние секако сметаме дека тоа е најниско досега“, коментираше Стејт департментот

Во Русија маргинализираниот премиер Дмитриј Медведев e безмилосно исмејуван од страна на блогерите во сабота, откако наводно заспа за време на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи

Протестите во Босна и Херцеговина стануваат се помасовни и се шират во сите градови. Сиромаштијата ја обедини БиХ, вели во Скајп-интервју за НОВА босанскиот режисер Дино Мустафиќ. Мустафиќ во интервјуто ги објаснува причините за овие масовни протести во Босна

Во Тузла ескалира ситуацијата на демонстрациите, откако демонстрантите упаднаа во зградата на локалната влада. Демонстрантите го пробија полицискиот кордон и влегоа во зградата која е демолирана и на крај за запалија. Над зградата се издига црн чад

Нов скандал во односите на САД и ЕУ откако на Твитер беше постирана снимка од телефонски разговор на помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд со американскиот амбасадор во Украина Џефри Најт

Ким Мехмети, писател, политички аналитичар: Зошто ДУИ инсистира на консензуален претседател и ја отфрла можноста Ѓорѓе Иванов да биде кандидат, зошто на Ахмети повторно му се објавуваат наводни досиеја за шпион и корупција

Полицијата фрлаше солзавец против демонстрантите, кои го пробија полицискиот кордон и фрлаа камења врз зградата на Владата на Тузланскиот кантон. Во истовреме во знак на поддршка се собраа луѓе во Сараево, Бихаќ и Зеница