Browsing: ВЕСТИ

Имаме одговор на најгорливите прашања кои ја тиштат нашата земја. Како да го спречиме иселувањето на младите, како повторно од корен да ја изградиме средната класа која е р’бетот на државата и како да ја искорениме сиромаштијата која ја создаде оваа власт

Граѓаните, вие сте пред се. Држава без народ не е држава. Луѓето ја напуштаат нашата земја оти лошо се живее а власта вели дека се е розево. Тоа мора да го промениме. Владата на СДСМ ќе биде влада која ќе им служи на граѓаните, рече Спасовски

Во овие 5 години можевте да видите за што се борам јас, за што се борат премиерот и сите министри, сите пратеници и градоначалниците. Знаете со какви луѓе имате работа. Знаете дека е проверено. Затоа бараме поддршка да продолжиме по патот што вие го трасиравте, рече Иванов во Крива Паланка

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 6, Никола Попоски денеска е во посета на градот Тетово. Средбите со граѓани, носителот Попоски ги започна посета на Здружението на слепи по што продолжи со посета на Здружението на глуви и Здружението на Воени Инвалиди

Според Ибраими екстраваганцијата и луксузот на куќите на функционерите на ДУИ е уште еден доказ за корупцијата. Во исто време неколку метри подалеку од милионската куќа на Џафери обичниот народ живее во беда и едвај се бори за опстанок

Очекуваме дека СДСМ во кампањата може ќе ги искористи и Мадам Пепи и Бајруш Сејдиу за да го оцрни ВМРО ДПМНЕ, изјави Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ отфрлајќи ги како нерелеванти обвинувањата кои на сметка на оваа политичка партија ги изнесе Загорец Тумбовски во интервју за Телма

Станува збор за вкупно 56 илјади квадратни метри на недвижен имот или 80 проценти вкупно од јавната сопственост во Тетово, која е приватизирана од страна на челникот на ДПА, Мендух Тачи, за време на првото коалицирање на оваа партија во првата влада на ВМРО-ДПМНЕ, велат во ДУИ

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во Кичево и Ресен ги презентираше мерките од програмата на СДСМ кои ќе ги вратат парите назад кон граѓаните, кои ќе обезбедат враќање на ДДВ, зголемување на минималната плата и подобар стандард

– За жал, за разлика од македонскиот политички блок, во албанскиот политички блок, ДУИ немаше достоен конкурент кој ќе одговори на моментот и контекстот во кој се наоѓа државата, рече денеска пред новинарите Бујар Османи од ДУИ

На средбите со граѓаните од општина Кисела Вода, Иванов им се заблагодарил за поддршката во првиот круг од претседателските избори и повикал на масовна излезност во вториот круг, информираат од ВМРО ДПМНЕ