Browsing: ВЕСТИ

Шефовите на безбедносните служби Доланц и генерал Љубичиќ го убедувале Тито дека неговата сопруга е руски шпион. За контроверзните околу Јованка Броз и нејзиниот живот како прва дама на СФРЈ погледнете ја дебатата на Ал Џезира Балкан

За оценката на ЕК за состојбите во судскиот систем, независноста, селективноста и корупцијата дебатираат поранешната судијка во Европскиот суд во Стразбург, Маргарита Цаца Николовска и адвокатот Филип Медарски

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ во соработка со Општина Карпош денеска напладне пред трговскиот центар „Сити мол“ организира акција за вдомување домашни миленичиња кои се вакцинирани

Со воени почести и плотуни на единицата на Гардата на Војската на Србија денеска во „Куќата на цвеќето“ во Белград погребана е вдовицата на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито, Јованка Броз. Нејзина последна желба беше да биде испратена со песната Бела чао

„Electronic Frontier Foundation“ обезбеди поддршка од познати глумци, режисери, активисти и политичари; меѓу нив и Оливер Стоун и Џон Кјузак – ги повикуваат луѓето да им се придружат во протестите против масовното шпионирање на агенциите како што е НСА

За косовското прашање, проблемот со името, перспективите на Албанија и Србија – дебата со дописниците од Брисел на Коха Диторе, Јутарњи лист и РТС, Аугустин Палокај и Душан Гаиќ

Обединетите Нации денеска го одбележуваат својот ден, 24 октомври, во знак на сеќавање на усвојување на Повелбата на светската организација, која стапи во сила на денешен ден во 1945 година

Комисијата за слободен пристап до информации се жали дека нема пари ниту да си ги плати комуналиите, а работат со три пати помалку персонал од предвидениот. Во меѓувреме растат списоците со „државни тајни“