Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ подготвува “напад” против лажните вести и руската пропаганда

0
By Светлана Јовановска on November 13, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 13, 2017 18:18

Европската унија подготвува одговор на руската пропаганда и лажните вести на европскиот континент.

Прашањето беше официјално отворено денес на состанокот на шефовите на ЕУ дипломатиите. Министрите за надворешни работи денес ручаа со министрите за одбрана и разговараа за начинот на кој ЕУ треба да се бори против дезинформациите што доаѓаат Русија и кои се шират во ЕУ, на Балканот и во арапските земји.

Денес во исто време во Брисел започна експертска конференција на оваа тема.

Во 2015 година во Европскиот сервис за надворешна акција (ЕЕАС) беше формирана работна група за стратешка комуникација (СтратКом), а од оваа пролет групата почна да работи и на појавата на овој феномен на Балканот.

“Тимот за Западен Балкан во СтратКом работи на промоција на ЕУ, нејзините политики и вредности во регионот и на зголемување на јавната свест за поддршката за Западниот Балкан”, вели Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарката Могерини.

Екипата на ЕУ има задача да го зајакне медиумскиот пејсаж и да ги пронајде лажните вести што кружат на интернет, да ги анализира дезинформациите и на нив да одговори.

Лажни вести за каталонската криза

На состанокот темата ја отвори Шпанија откако се откри дека на социјалните мрежи почнале да се појавуваат лажни вести за каталонската криза што доаѓаат од Русија. Но нема никаков доказ дека руската влада има врска со овие вести.

Според денешната изјава на шпанската министерка за одбрана Долорес де Коспедал “важно е да се знае дека некои медиуми, приватни или државни, се обидуваат да се мешаат во националните политики и се обидуваат да имаат влијание и да креираат нестабилност во Европа”, рече таа денес на ЕУ средбата.

Експертите од СтратКом забележале дека во последниот месец, кога светскиот печат почна силно да се интересира за каталонската криза, имало се повеќе дезинформации врзани со оваа тема.

На пример, веста дека “Светските сили подготвуваат војна во Европа”, напишал рускиот сајт Полит Експерт на денот на прогласувањето на каталонската независност.

Напролет нова ЕУ стратегија против лажните вести

Соочена со овие лажни вести, ЕУ одлучи денес да иницира јавна консултација (отворена и за граѓаните на балканските земји) преку која граѓаните ќе можат да ги  дадат своите идеи и искуства со лажните вести. На сајтот има две консултации, една за граѓаните и друга за новинарите.

Истовремено, ЕУ ќе креира панел експерти од универзитетски професори и новинари што ќе треба да направат студија за феноменот на лажни вести и да предложат начин како да се одговори на овие “напади”.

Лажните вести станаа една од главните теми во јавноста и помеѓу политичарите во целиот свет, особено откако лажните вести станаа дел од кампањата на претседателските избори во САД.

“Живееме во ера во која напливот на иформации и дезинформации станат сеприсутни. Затоа на нашите граѓани треба да им дадеме алатки со кои ќе ги идентификуваат лажните вести и да ја менаџираат веста што ја добиваат”, изјави потпретседателот на Европската комисија (ЕК) Франс Тимерманс.

Марија Габриел. комесар за дигитална економија

Марија Габриел, комесарка за дигитална економија смета дека сите општества не се еднакви пред лажните информации: “Нивото на образование, демократската култура, изборниот систем и неговиот инклузивен карактер, улогата на парите во изборните кампањи, нееднаковста играат одлучувачка улога” во овој феномен.

Таа денес подвлече дека во центарот на нејзината акција “лежи одбраната на правото на граѓаните да добиваат квалитетна информација која е камент темелник на нашите демократии и би сакала да имаме отворена и широка дискусија за лажните вести за да го решиме овој комплексен проблем”.

Јавната консултација што беше иницирана денес ќе трае во февруари а експертите на новиот панел ќе треба, заедно со ЕУ, да направат широка стратегија за борба против лажните вести до следната пролет.

Шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини денес објасни дека очекува поддршка на сите земји членки на ЕУ за да се зголем буџетот на СтратКом, групата што “ги лови” лажните вести на руски но и на арапски.

Од почетокот на својата работа пред две години СтратКом открил 3.500 случаи на дезинформации што можете да го видите тука како и на твитер профилот @EUMythbuster.

ЕУ Западен Балкан јавна консултација Каталонија комесарка за дигитална економија лажни вести Марија Габриел руска пропаганда Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.