Browsing: ВЕСТИ

Кога граѓаните и должат на државата тогаш стапува на сцена принудната наплата. Но, кога државата им должи на граѓаните постојат други правила на игра. Во ПРОЦЕС овој пат разговараме за проблем кој го создава државата, за луѓето со посебни потреби кои самите заработуваат за живот, а Министерството за труд и социјала со месеци не им ги враќа парите за придонеси кои тие ги уплаќаат редовно до 15-ти во месецот

На чело на земјите кои ќе ги минат наредните седмици пред малиот екран се Колумбијците каде само 6 отсто жители рекле дека нема да гледаат фудбал. А во САД ситуацијата е обратна: дури 60 отсто Американци не покажуваат никаков интерес за овој спорт и шампионатот.

Радмила Шеќеринска, заменик претседател на СДСМ, во Студио на НОВА зборува за пораките кои ги добиле во Брисел од еврокомесарот Филе, за методите како ќе делува опозицијата со народот, за расколот во СДСМ и односите со Црвенковски и за тоа дали тужбата на Груевски кон Заев ќе значи крај на објавување на нови корупциски афери на власта

Според новата преговарачка методологија на ЕК борбата против корупцијата е една од главните теми. Што ќе мора Македонија да покаже во овој процес? Дали преговорите за членство на Хрватска го сместија Санадер во затвор?

Кој се недостатоците на македоскиот судски систем кои ќе бидат во фокусот на преговорите за членство во ЕУ? Кака е европската дијагноза за слабостите на судството? Што се промени во хрватскиот судски систем под притисокот на преговарачкиот процес?

Две европски лидерки се појавуваат како можни кандидати за нов шеф на Европската комисија откако фаворитот, Жан-Клод Јункер, беше објавено дека размислува за повлекување на неговото име

Што им порача Филе на Заев и Шеќеринска? Дали се реални шпекулациите дека Македонија ќе ја загуби препораката за почеток на преговори за членство во ЕУ? На овие прашања дебатираат Ристо Никовски и Бранко Геровски