Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово и Каталонија – повеќе разлики отколку сличности

0
By Нова ТВ on October 10, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 10, 2017 14:21

Извршната директорка на Европскиот фонд за Балкан Хедвиг Морваи смета дека во случајот со Косово и Каталонија можеби постојат паралели и сличности, но дека контекстот и односот на силите се различни.

-Случајот Каталонија се одвива во една членка на ЕУ, а Србија тоа и ден денес не е. Исто така, за држава која постоела во време кога на Косово се појавија сецесионистички движење не може да се каже дека била демократија, вели Морваи за срспката државна агенција Танјуг.

-Тоа е огромна разлика и затоа тешко е сега да се инсистира на некоја правичност – зошто овие можат вака, а ние не можевме, вели Морваи, истакнувајќи дека во тој конткст може да се зборува и за Кипар, а не само за Каталонија.

Морваи потсетува дека на Европа и се случи Брегзит и дека Британија сега во една одредена позиција преговара за свое излегување.

-Но, да кажеме, Словачка да смисли да излезе од ЕУ, сигурно не би била во иста позиција како Британија. Не можеме да не ја земеме предвид реалноста. По правен пат треба да инсистираме на меѓународното право, но мора да знаеме каде сме и каде тргнавме, истакнува Морваи и објаснува колку е важна позицијата од која држава доаѓаат тие обиди.

Хедвиг Морваи

Во однос на Србија, извршната директорка на Европскиот фонд смета дека е поважно да се користат ресурсите, прашањето со Косово да се решава во рамки во кои се наоѓа, а тоа се европските интеграции.

Таа истакнува дека се покренати важни механизми како што е дијалогот Белград- Приштина и уверена е дека тоа е единствениот пат што преостанува и затоа треба најдобро што може да се искористи.

Споре днеа, ниту СРбија ниту Косово не можат да станат членки на ЕУ доколку не се реши прашањето на границите, бидејќи како шќто вели ЕУ тоа јасно го кажува – дека таква грешка веќе нема да се повтори.

Според неа ЕУ сериозно ќе се позанимава со проблемот на Шпанија и каталонија бидејќи Шпанија е вачна членка на Унијата.

Околностите на Косово немаат врска со Каталонија

Поранешниот специјален пратеник на ОН во некогашните преговори за статусот на Косово Албер Роан, во врска со референдумот за независност на Каталонија смета дека сецесионистичките тежнеења во различни земји во Европа постојат во сосема различни предуслови и норми.

Во текс за виенскиот весник Пресе тој истакнува дека поради тоа секој случај мора да биде оценуван посебно, при што кај правата на отцепување треба да се тргнува од тоа дали некое малцинство во својата држава е фундам,етално дискриминирано.

-Ниту една околност која е во врска со Косово нема врска со Каталонија, истакнува Роан во својот текс.

Форин Афеарс: Од сите начини, Шпанија го избра српскиот

Од сите начини на кои една влада би можела да го реши проблемот со сепаратистичките обиди, по се изгледа шпанската влада го избра „српскиот начин„, пишува магазинот Форин Афеарс.

Шпанската влада сега има намера да ја укине регионалната каталонска власт доколку таа ги прифати резултатите од референдумот за независност, исто како што тоа Србија го направи со покраинската влада на Косово во 1990 година, се наведува во текстот.

Американскиот магазин пишува дека од 1 октомври, кога е одржан референдумот, шпанската власт во каталонија упати голем број полицајци и вијска, што исто така потсетува на реакцијата на некогашната влада на Србија на косовската објава на независност.

Весникот истакнува дека за многу Каталонци сето тоа повеќе наликува на надворешна окупација на територијата, отколку на легитимно присуство на силите за зачувување на мирот.

Каталонија Косово Србија Форин Афеарс Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.