Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството за правда повторно во Кривичен за АКМИС системот

0
By Нова ТВ on October 10, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 10, 2017 13:52

Комисијата составена од Министерството за правда денеска продолжи со ревизија на Автоматизираниот информациски систем за управување со судските предмети (АКМИС) во скопскиот Кривичниот суд.

Судијата Лазар Нанев е назначен за претседател на Комисијата, која беше формирана по препораките од Рајнхард Прибе за евентуално откривање на злоупотреби на информатичкиот систем кој дели предмети кај одредени судии.

Увидот во АКМИС-системот во скопскиот Кривичен суд почна минатиот четврток, кога обвинителите од СЈО вршеа претрес во канцеларијата и во домот на екс претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски, осомничен меѓудругото и за местење судски предмети преку овој систем.

-Со наредба од судот ги одземавме сите податоци од компјутерскиот систем за распоредување на предмети. Едната предистражна постапка е поврзана со друг предмет кој произлегува од прислушуваните разговори, изјави обвинителката Катица Јанева.

Панчевски, вчера во интервју за „Алсат М“ негираше дека местел предмети во Кривичниот суд. Тој ги демантираше шпекулациите дека увид во АКМИС системот имал директно од неговиот дом.

Панчевски, претресот на СЈО го окарактеризира како брутален и надвор од закон. Тој вели дека насилно му одземале насилно два телефони, а врз него била применета и прекумерна сила од страна на полициските службеници кои ги придружувале истражителите на СЈО.

Во јавноста се појави и видео снимка од надзорна камера во домот на Панчевски на која е снимен претресот во неговиот дом. Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, смета дека тоа што Владимир Панчевски си го снимал својот стан, треба да биде предмет на психијатриска опсервација.

Во дебата на „360 Степени“, заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, зборувајќи за посетата на Комисијата од Министерството за правда на Кривичниот суд и проверката на функционирањето на АКМИС системот и нејзиното совпаѓање со претресот на СЈО, рече дека и до него дошле гласини дека има индиции за злоупотреби на системот, наводно дури и за постење на паралелен систем со АКМИС-от за управување со предметите.

Судијата Лазар Нанев, кој е назначен за претседател на Комисијата од Министерството за правда, по излегување од Судот при првичната посета во четвртокот на 5 октомври изјави дека треба да ја утврдат состојбата со распределувањето на предмети кај одредени судии.

– Од министерот за правда беше донесено решение за формирање Комисија врз основа на забелешките коишто беа доставени од Рајнхард Прибе. Работната група започна со работа и има обврска да констатира одредени состојби. Ќе продолжиме со работа, а за тоа што ќе го констатираме, ќе биде времено известена јавноста од страна на Министерството за правда, бидејќи станува збор за постапување согласно судскиот деловник. Што ќе се случи понатаму ќе одлучи Министерството, бидејќи тоа врши надзор и контрола на функционалностите, одржливоста на ИТ-технологијата во судовите – рече Нанев.

Во извештајот на Рајнхард Прибе беше нотирано дека постојат индиции за злоупотреба на АКМИС-системот.

НОВА ТВ се обиде да открие дали е можно да се злоупотреби овој систем.

Извори на НОВА ТВ од Врховниот суд велат дека секој обид или штелување на системот и местење на судските предмети би оставил трага и би можело да се открие кој и кога влегувал во системот. Но, она што е повеќе веројатно дека се правело во Кривичниот суд е при распределба на предметите да бидат исклучени некои судии, а во „барабанот“ да останат неколку судии кои важат за „подобни“ да ги добијат случаите.

Како може да се изигра системот за распределба на предмети во судовите

Предвидено е Комисијата да прави ревизија на електронските системи во сите судови.

 

АКМИС Владимир Панчевски Катица Јанева Лазар Нанев Министерство за правда Оливер Ристовски претрес СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.