Browsing: ВЕСТИ

Станува збор за вкупно 56 илјади квадратни метри на недвижен имот или 80 проценти вкупно од јавната сопственост во Тетово, која е приватизирана од страна на челникот на ДПА, Мендух Тачи, за време на првото коалицирање на оваа партија во првата влада на ВМРО-ДПМНЕ, велат во ДУИ

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во Кичево и Ресен ги презентираше мерките од програмата на СДСМ кои ќе ги вратат парите назад кон граѓаните, кои ќе обезбедат враќање на ДДВ, зголемување на минималната плата и подобар стандард

– За жал, за разлика од македонскиот политички блок, во албанскиот политички блок, ДУИ немаше достоен конкурент кој ќе одговори на моментот и контекстот во кој се наоѓа државата, рече денеска пред новинарите Бујар Османи од ДУИ

На средбите со граѓаните од општина Кисела Вода, Иванов им се заблагодарил за поддршката во првиот круг од претседателските избори и повикал на масовна излезност во вториот круг, информираат од ВМРО ДПМНЕ

Државната изборна комисија донесе посебно Упатство за гласање на Претседателските и на предвремените Парламентарни избори на 27. април 2014 година во кое е прецизирано дека обележувањето на гласачите со маркер ќе се врши на палецот од левата рака

Една недела откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го објави мега-скандалот од 1,5 милион евра кеш -Обвинителството молчи, судството молчи провладините медиуми молчат, МТВ молчи. Тоа е уште една потврда дека за време на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ завладеа институционален и медиумски мрак

Затоа овие избори се важни избори. Ве повикувам да излезете масовно да гласате на 27 април. Затоа што секој ваш глас, за мене, за ВМРО-ДПМНЕ , за Коалицијата за подобра Македонија е глас са вас, за вашите семејства, за вашите општини, глас за Македонија, изјавил претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов, како што соопштува оваа партија