Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска: Опаѓа бројот на ученици во основните и средните школи

0
By Нова ТВ on September 4, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 4, 2017 14:58

Трендот на опаѓање на учениците и бројот на децата во Република Македонија е загрижувачки, изјави министерката за образование Рената Треневска Дескоска на првиот училиште ден во Куманово.

„За жал се забележува опаѓање на бројот на деца коишто се запишуваат и во средното образование и покрај тоа што е задолжително, што покажува на трендот за иселување на млади луѓе од државата, семејства со деца во образовен процес. Се надеваме дека процесот на иселување на младите ќе запре, Министерството за образование и наука ќе направи реформи кои ќе значат враќање на квалитетот на образованието и правење на образованиот систем во Македонија атрактивен за учениците, како би останале овде и би го продолжиле своето образование“, рече Дескоска.

Во Куманово оваа година се запишале 1.200 првачиња, седумдесет помалку од лани, а во прва година во средните училишта 1.100 ученици или 200 помалку од минатата година.

Таа најави еднакви инвестиции во образованието независно од политичката определба на градоначалникот, а не како што било случај досега во кумановската општина.

Дескоска денеска им посака успешна учебна година на првачињата во основното училиште „Браќа Миладиновци“ и средното стручно училиште „Перо Наков“.

„Денеска на првиот училишен ден решив да присуствувам на неколкуте свечености што се организираат во Општина Куманово, бидејќи во оваа општина има најголем број ученици, со најголем број првачиња. Дојдов и во средното стручно училиште, со цел да го промовираме стручното образование. Освен медицинското, економското и правното, другите насоки на стручно образование се запоставени и не се атрактивни за учениците. Се надевам дека со измените што ќе се направат со наставните програми ќе поставиме систем кој ќе ги привлече учениците. Правиме напори и договор со компаниите да се овозможи практична настава на учениците, со цел да им овозможи настава која ќе ги прави способни на пазарот на трудот“, рече министерката.

МОН прв училишен ден првачиња Рената Дескоска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.